Авионските трки премиерно во Франција, и тоа со трка на ривиерата во Кан!

На само две недели пред светски познатиот филмски фестивал во Кан, гламурозниот град ќе го распостели црвениот тепих за ѕвездите на авијацискиот мото-спорт, за долгоочекуваното француско деби на светското првенство Red Bull Air Race.

avionskite-trki-premierno-vo-francija-i-toa-so-trka-na-rivierata-vo-kan-1.jpg

Кан, (Франција) - Од својот почеток во 2003, а од 2005 година како светско првенство, Red Bull Air Race предизвикува возбуда кај своите обожаватели низ глобалните дестинации од Њујорк до Лондон и од Австралија до Јапонија. Но овој април, од 20 до 22 во месецот, овој спорт за првпат ќе го освои небото над Франција - а со пет француски пилоти меѓу елитната постава за викендот, оваа втора станица од сезоната од осум трки ќе биде вистински гала настан.

Red Bull Air Race претставува нова димензија во мото-спортот, а брзината, прецизноста и летечките вештини кои го одземаат здивот ќе бидат во преден план во Кан. Во Мастер класата, четиринаесет од најдобрите светски пилоти ќе се натпреваруваат за официјалното светско првенство кое е признато од светската аеронаутичка федерација ФАИ (Fédération Aéronautique Internationale). Пилотите ќе се борат за време на патеката од 25-метарски воздушни столбови во тркачки авиони со најнова технологија, ќе достигнуваат брзини до 370 километри на час, а ќе им се спротивставуваат на гравитациските сили кои можат да достигнат 12G. Овие трки со голема брзина, а мала висина над Медитеранот ќе се одвиваат пред очите на навивачите, а ќе има и специјални придружни шоуа и можност за добивање автограми, кои овој викенд ќе го направат незаборавен.

Ѕвезди на оваа за нив прва домашна трка ќе бидат тројцата француски пилоти во светскиот шампионат: Николас Иваноф, Корзиканец со пет победи во својата кариера, Франсоа Ле Вот, поранешен „топ ган“ инструктор за летање на француските воздушни сили и светски шампион за воздушни акробации, кој живее во јужна Франција, и Мика Бражо, млад жител на Вилнев-сур-Лот, кој ја освои титулата во 2015 година во втората натпреварувачка категорија на овој спорт („челинџер“ класа) и веќе ги предизвикува лидерите на светското првенство.

avionskite-trki-premierno-vo-francija-i-toa-so-trka-na-rivierata-vo-kan-2.jpg

Нивни противници од интернационалната сцена на авијациски ѕвезди се актуелниот светски шампион Јошихиде Муроја (Јапонија) и неговиот жесток ривал, второпласираниот од 2017 година, Мартин Шонка (Чешка). Уште двајца Американци исто така ќе се борат за добар пласман, меѓу кои е поранешниот носител на титулата Кирби Чемблис кој продолжува со својот „камбек“, како и Мајлк Гулијан, кој се бори да го задржи водството на табелата, откако победи на првата трка во Абу Даби во февруари. А внимавајте и на Германецот Матијас Долдерер - шампионот од 2016 година е решен да се избори за главна улога оваа сезона.

Во меѓувреме, уште двајца француски пилоти ќе се покажат во сиот свој сјај во второто натпреварување за „челинџер“ класата, која ги развива ѕвездите на утрешинината. Локален фаворит од регионот на Кан ќе биде Мелани Астле, првата жена која се натпреварувала и победила во Red Bull Air Race. Под француско знаме исто така ќе лета и Батист Вињес од Ле Авр, кој има освоено светска титула за летачки акробации и многу ветува во воздушните трки откако минатата година се приклучи на „челинџер“ класата.

Гледајте ја премиерата на Кроазет: Ред Бул ТВ е достапен на сите поврзани телевизори и мобилни уреди. Квалификациите во „мастер“ класата се на програмата во сабота 21 април во 16 часот, додека првата рунда на 14 најдобри пилоти започнува во недела на 22 април во 14 часот. За најнови вести и информации, посетете ја веб-страницата www.redbullairrace.com.

КАЛЕНДАР 2018:

- 2/3 февруари: Абу Даби, ОАЕ
- 20-22 април: Кан, Франција
- 26/27 мај: Чиба, Јапонија
- 23/24 јуни: Будимпешта, Унгарија
- 25/26 август: Казан, Русија
- 00/00 септември: дополнителна локација
- 06/07 октомври: Индијанаполис, САД
- 00/00 ноември: дополнителна локација

Би можело да ве интересира:

Најзгодната хрватска навивачка гневна пред почетокот на Европско: „Видете за што плаќам по 650 евра ... „Собите се стари, греењето не работи…“ Најпознатата хрватска и светска навивачка...
Беше оженет за Плејбој модел и доби син, сега е во врска со друг маж – Бурниот љубовен живот на Ралф... „Останав три вечери со него, но тој не ме допре ниту со прст, не се ни бакнавме“...
Никола Јокиќ откри зошто веќе нема да ја носи бурмата на патиките – сигурно сопругата му се „заканил... „Нема да ризикува истото да му се случи третпат“ – велат низ смеа оние што го по...
Силувал 12 годишно девојче, бил 1 година во затвор – Најскандалозниот учесник на Олимпијадата во Пар... Откако беше осуден за силување, доби 4-годишна затворска казна, но помина само 1...
Леќи во боја на фудбалски топки, фолклор – Најлудите маски на Европското првенство во фудбал 2024 Навивач на Белгија со маска со помфрит, Албанците со националните бои, а Италија...
Откриј го својот афинитет, надгради го талентот  - стартуваше 4-тата сезона од проектот Ракомет за с... „Како и изминатите сезони, така и по завршувањето на сезона 2023/24, од школата ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg