Спектакл на Медитеранот: Екстремен спуст на лизгалки во Марсеј!

Палми наместо снег и патики наместо чизми ќе бидат дел од атмосферата од отворањето на сезоната од светското првенство во екстремен спуст на лизгалки (Ice Cross Downhill), познато како Red Bull Crashed Ice, што на 14 јануари ќе се одржи на брегот од Медитеранот, во Марсеј.

red-bull-crashed-ice-2017-france-marseille-spektakl-na-mediteranot-ekstremen-spust-na-lizgalki-vo-marsej-2.jpg

МАРСЕЈ, Франција - Спортското натпреварување во екстремно лизгање ќе влезе храбро во нов свет овој викенд, кога најбрзиот светски спорт на лизгалки сосема спротивно на традиционалната сцена за зимските настани ќе има трка на благата медитеранска клима. Благодарение на најсовремениот систем за ладење и напредокот во градење патеки кои овозможија трки на мраз и покрај температурите кои се далеку над нулата, првата трка на Red Bull Crashed Ice од сезоната 2016/2017 ќе се одржи на стрмната и опасна 340-метарска патека која се спушта кон старото пристаниште на Марсеј.

Лизгачите ќе се спуштаат по четворица низ патеката со препреки со брзини до 80 километри на час, бодрени од толпата од илјадници гледачи. Првите двајца тркачи кои ќе поминат целната линија напредуваат во следната етапа, па нивниот број постепено се намалува од етапа во етапа, додека не стигнат од 128 натпреварувачи до четворица финалисти.

red-bull-crashed-ice-2017-france-marseille-spektakl-na-mediteranot-ekstremen-spust-na-lizgalki-vo-marsej-1.jpg

Шампионот што ја брани титулата, Камерон Неш од САД, ќе ја отвори сезоната со можност да стане прв лизгач кој освоил две титули по ред, на патеката од вештачки мраз која ги поврзува двете најпознати монументални зданија на Марсеј - од стартот кај хотелот Дју, кој порано бил болница изграден во 1188 година, до брегот на познатото медитеранско градско пристаниште Ле Вју на кое функционира повеќе од 2600 години. Но задачата нема да му биде лесна на почетокот од сезоната 2017 затоа што во чекор го следат поранешните шампиони Скот Кроксал (Канада), Марко Далаго (Австрија) , Дерек Веџ (Швајцарија), Кајл Кроксал (Канада) и Мартин Нифнекер (Германија), сите желни да ја освојат титулата.

Французите Тристан Дужерди и Паком Шмит се двајца од тринаесетте спортисти кои ќе се натпреваруваат на домашен терен и се меѓу фаворитите за победа на трката Red Bull Crashed Ice во Франција. На трката ќе има спортисти од вкупно 22 земји и пет континенти: Северна Америка, Јужна Америка, Европа, Азија и Африка.

- Комбинацијата од топло време со зимски спорт и празнично расположени луѓе во Марсеј ќе ја наелектризира атмосферата за овој спортски настан,- вели спортскиот директор на Red Bull Crashed Ice, Кристијан Папилон. - Температурите во Марсеј нѐ примораа да го подобриме и заштитиме системот за мраз. Тоа е одличен технолошки напредок и отвора секакви можности низ целиот свет. Ќе продолжиме да ги прошируваме границите.

Екстремното лизгање на мраз е спорт кој со текот на годините се здоби со популарност на зимските локации. Но, трката на брегот на Медитеранот навистина ќе го смени тоа, велат организаторите. Беа потребни 15 дена да се подигне платформата и патеката, а на проектот во тек на осум дена (вкупно околу 2300 часа) работеа 6 специјалисти и 24 асистенти за да ја создадат патеката од мраз со дебелина од 10 сантиметри. 

- Можноста за трка на мраз во услови на топла клима значи почеток на нова ера за екстремното лизгање на мраз,- рече експертот за настани Кристијан Севуа, кој во иднина предвидува одржување на овие трки во градови како Барселона, Рим, па дури и Истанбул. - Тоа ќе придонесе за развивање на овој спорт во нови области и интересот за спортот значително ќе се рашири. Прекрасно е чувството да се биде дел од еден ваков напредок.

Оваа сезона е предвидена со четири трки во премиерната серија и уште пет во Купот на возачите (Riders cup), каде што се добиваат помали поени, но се стекнува драгоцено искуство. Марко Далаго како победник на првата трка во Ваграин Клајнарл во Австрија влегува во Светското првенство со минимална предност, поточно со 250 бода, а од фаворитите Тристан Дужерди има 150, додека Паком Шмит собра 112,5 бода. Потоа сезоната продолжува во Јиваскила (Финска), Сент Пол (САД) и Отава (Канада). Трките од Купот на возачите предвидуваат посета на Ратулампи (Финска), Москва (Русија), Ла Сар и Батхурст (Канада).

Red Bull Crashed Ice Marseille ќе се емитува во живо на Red Bull TV и на телевизиските станици низ светот. Red Bull TV е достапен на поврзаните телевизори, играчките конзоли, мобилни и други уреди. Преносот во живо започнува на 14 јануари, Марсеј, Франција, во 20.30 часот на Red Bull TV. За комплетна листа на поддржани уреди ве молиме посетете ја страницата about.redbull.tv

Би можело да ве интересира:

Беше оженет за Плејбој модел и доби син, сега е во врска со друг маж – Бурниот љубовен живот на Ралф... „Останав три вечери со него, но тој не ме допре ниту со прст, не се ни бакнавме“...
Надал емотивно објави дека ќе се пензионира: „Им благодарам на моите ривали, ќе ги памтам засекогаш“ „Тука сум да ви кажам дека ќе се пензионирам од професионалниот тенис. Им благод...
Маратонецот Дарио Ивановски со развиорено знаме помина на целта - Олимписката трка ја заврши на 69-т... Пред да влезе на целта, Дарио од својот тренер го зеде македонското знаме и со в...
Грижата за Шумахер „ги цеди“ милионите од неговата сметка – Колку плаќа сопругата за да го одржи во ... Грижата за Михаел на годишно ниво чини неверојатни 7 милиони евра. Неговата сопр...
Директорот на млади категории на гигантот Пик Сегед во улога на тренер и предавач на кампот „40х20“ ... Еднодневниот бесплатен семинар, ќе се одржи за време на кампот во Охрид и истиот...
Откриј го својот афинитет, надгради го талентот  - стартуваше 4-тата сезона од проектот Ракомет за с... „Како и изминатите сезони, така и по завршувањето на сезона 2023/24, од школата ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg