Пријател на Шумахер откри во колку лоша состојба се наоѓа славниот спортист
- Детали
- четврток, 20 ноември 2014
Страшното секојдневие на Шумахер веќе подолго време буди интересирање за широката јавност, но затоа што семејството замоли за приватност, не се споделуваат многу информации за неговото здравје.
За прв пат по долг период молчење, бившиот возач на Формула 1 Филип Штрајф кој е воедно и негов добар пријател, откри каква е состојбата на легендарниот Шумахер.
„Шумахер е парализиран и се наоѓа во инвалидска количка. Не може да зборува и има проблеми со памтењето. Со него е целото семејство, па сигурно полесно ќе се опоравува. Состојбата е малку подобра од претходно, но тоа е релативно во оваа ситуација. Тешко е...“ раскажал бившиот возач на Формула 1 на едно француско радио.
Штрајф е исто така во количка затоа што настрада на тренинг во Бразил уште во далечната 1989 година, додека тестирал нов болид.