Нема приватен авион, кога може се вози со велосипед на турнири – На што ги троши Новак Ѓоковиќ парите?
Многумина пишуваат дека тој поседува свој приватен авион, но вистината е дека тој со години наназад е корисник на приватните авиони на компанијата „NetJets“ која едно од своите летала целосно го адаптирала на неговите потреби.
Познато е дека освен што внимава на исхраната и води здрав живот, Ноле често ја користи технологијата за да му помогне да напредува во спортската кариера. Тој има комора за притисок CVAC која чини околу 75.000 долари, а која го намалува лачењето на млечна киселина и го поттикнува создавањето на матични клетки.
Во 2014-та година Ноле заработи 750.000 долари на Italian Open и парите во целост ги донираше за да им се помогне на настраданите во поплавите во Србија.
Новак и Јелена Ѓоковиќ заедно ја водат „Фондацијата Ѓоковиќ“ која треба да го подобри раниот детски развој.
Новак не штеди ниту на скапите и луксузни автомобили, па така во неговата колекција има автомобили марка Peugeot, Tesla Model X, но и Audi и Mercedes-Benz.
Во време на пандемијата Ноле потроши околу 10 милиони евра за да купи луксузна вила во Марабеља, Шпанија, каде се преселија со сопругата Јелена и двете деца.
Истата година, тој и Јелена донираа 1 милион евра за да ѝ се помогне на Србија да се избори со пандемијата.
-->
-->
Б. С. Б. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:

На 16 години стана најмлад голгетер на Европско, си носи книги на првенството за да учи: Кој е Ламин...
Ламин Јамал денес полни 17 години (роден е на 13 јули), а утревечер (14.07) со ш...

Гласини за неверство, единствен во историјата на НБА со 50.000 поени - Интересни факти за Леброн Џеј...
Неговиот прекар е „кралот Џејмс“, а причината е неверојатната професионална кари...

Зошто Мајк Тајсон по 20 години се врати во рингот и колку пари заработи од мечот со Џејк Пол?
„За малку ќе умрев, добив 8 трансфузии, но сепак ги издржав 8-те рунди“ – рече М...

Грижата за Шумахер „ги цеди“ милионите од неговата сметка – Колку плаќа сопругата за да го одржи во ...
Грижата за Михаел на годишно ниво чини неверојатни 7 милиони евра. Неговата сопр...

Отвори 4 бесплатни болници за сиромашни, дава милиони во хумани цели - Животниот пат на Мајкл Џордан...
Неодамна отвори бесплатна клиника за лекување на сиромашните луѓе од градот во к...

Силувал 12 годишно девојче, бил 1 година во затвор – Најскандалозниот учесник на Олимпијадата во Пар...
Откако беше осуден за силување, доби 4-годишна затворска казна, но помина само 1...