Бразилска ТВ-ѕвезда се породи на 56 години и стана мета на критики: „Изгледаш како баба на бебето“

„Има илјада начини да се биде мајка. Во мојот случај, да се биде мајка на 50+ беше предизвик, но вреди да се размислува за тоа дека денес постојат илјада семејни формати“- одговори бразилската актерка на злобните критики дека изгледа како баба на бебето кое го родила природно на 56 години.

brazilska-tv-dzvezda-se-porodi-na-56-godini-i-stana-meta-na-potsmev-i-kritiki-izgledash-kako-baba-na-bebeto-01.jpg

 

Бразилската актерка Клаудија Раја, која минатиот месец го роди своето трето бебе Лука, неодамна откри дека останала бремена по природен пат на 55 години, а наместо само на пофалби, таа на социјалните мрежи наиде и на злобни критики. 

Таа призна дека неколку години мислела дека е во менопауза и дека нема можност да забремени. Но, кога дознала дека ќе стане мајка, тоа за неа бил најсреќниот момент во животот.

brazilska-tv-dzvezda-se-porodi-na-56-godini-i-stana-meta-na-potsmev-i-kritiki-izgledash-kako-baba-na-bebeto-02.jpg

Откако се породи, Клаудија со своите 8,5 милиони следбеници на Инстаграм сподели прва фотка со бебето. Покрај честитките и емотивни пораки, таа доби и многу критики.

„Дали таа е баба или прабаба на детето?“, стои во коментарите.

„Изгледа како баба на бебето“, пишува друг.

brazilska-tv-dzvezda-se-porodi-na-56-godini-i-stana-meta-na-potsmev-i-kritiki-izgledash-kako-baba-na-bebeto-04.jpg

Еден ден по породувањето, Раја објави видео на Инстаграм во кое бара од луѓето да престанат да ги осудуваат другите толку грубо.

„Има илјада начини да се биде мајка. Во мојот случај, да се биде мајка на 50+ беше предизвик, но вреди да се размислува за тоа дека денес постојат илјада семејни формати и многу други форми на мајчинска љубов.

Треба да ја запреме оваа манија на осуда или ставање ограничувања на мајчинството на другите луѓе, бидејќи секој човек го гледа ова искуство на многу интимен и уникатен начин“, вели таа во видеото.

Раја, освен Лука, ги има и синот Енцо (25) и ќерката Софија (15) од бракот со актерот Едсон Целулари.

brazilska-tv-dzvezda-se-porodi-na-56-godini-i-stana-meta-na-potsmev-i-kritiki-izgledash-kako-baba-na-bebeto-03.jpg

Таа професионалната актерска кариера ја почна во 1985 година, кога глумеше во шоуто наречено „Roque Santeiro“.

Оттогаш глумеше во бројни теленовели и освоила повеќе награди во текот на нејзината повеќедецениска кариера.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се породи Хејли Бибер, Џастин го откри името: „Добредојде дома“ Џастин и Хејли Бибер станаа родители на момче – пејачот сподели слатка фотка од ...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...
Анџелина Џоли има нов дечко - 9 години помлад рапер Дали Анџелина Џоли навистина пронајде љубов после Бред Пит? Која карактеристика ...
Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg