Која големина на облека носат познатите дами?
- Детали
- недела, 02 април 2023
Салма Хајек е висока 157 сантиметри, додека Кејт Винслет – 169. И двете актерки носат облека со иста големина, а и двете изгледаат одлично. Што значи, големината на облеката никогаш не треба да ви претставува грижа.
Многу девојки и жени се опседнуваат со големината на облеката што ја носат, но познатите дами се доказ дека нема потреба од тоа.
Во продолжение и самите ќе воочите дека големината на облеката на познатите дами нема никаква врска со тоа дали изгледаат добро или не.
Важно е да напоменеме дека големините можат да варираат не само од една до друга држава, туку и од еден до друг бренд.
Покрај тоа, и познатите дами често трпат промени во тежината и не мора да значи дека целиот живот ја носеле оваа големина.