Кортни Кокс за пластичниот изглед на лицето: „Се плашев од старост, но претерав – сега ги извадив филерите и пак сум стара“

„Постојано ставав нови филери, а потоа барав да ги отстранат, не бев ниту свесна дека претерувам“– вели актерката Кортни Кокс за промените на нејзиното лице. Актерката искрено зборува за тоа како со години се обидувала да се избори со стареењето, а денес одлучила да остари достојно.

kortni-koks-za-golemiot-broj-fileri-na-nejzinoto-lice-ne-si-svesen-deka-izgledash-chudno-docna-sfativ-deka-preteruvam-01.jpg

Актерката која се прослави по улогата во серијата Friends, Кортни Кокс (58) вели дека воопшто не била ниту свесна дека претерала со филерите.

Таа гостуваше во поткастот Gloss Angeles каде зборуваше за сопственото искуство со третманите за подмладување и постојаното ставање филери.

kortni-koks-za-golemiot-broj-fileri-na-nejzinoto-lice-ne-si-svesen-deka-izgledash-chudno-docna-sfativ-deka-preteruvam-02.jpg

Како што вели, стравот од стареење ја натерал да почне да става филери уште додека била млада за да успее да го запре времето.

„Не си свесен како им изгледаш на другите луѓе и само додаваш нови филери, а потоа бараш да ги отстранат, затоа што фала му на Бога, тие се отстрануваат, но мислам дека успеав да направам поголем проблем.

За среќа отстранив најголем дел од филерите и во моментов сум само постара“ – вели актерката.

kortni-koks-za-golemiot-broj-fileri-na-nejzinoto-lice-ne-si-svesen-deka-izgledash-chudno-docna-sfativ-deka-preteruvam-09.jpg

Кортни вели дека минатата година се обидела да се подмлади со голем број инјекции и други третмани, но дека со тек на времето сфатила дека претерала и дека сега се обидува да остари достојно:

„Имаше период кога си мислев: ‘Леле, се менувам. Изгледам постаро.’

И се трудев да изгледам повторно младо со години.

Не бев ниту свесна дека изгледам многу чудно заради големиот број инјекции и затоа што правев третмани на лицето што никогаш не би ги направила сега“ – вели таа.

kortni-koks-za-golemiot-broj-fileri-na-nejzinoto-lice-ne-si-svesen-deka-izgledash-chudno-docna-sfativ-deka-preteruvam-07.jpg

Кортни признава дека иако се откажала од естетските третмани, сепак не се откажува од скапите производи и дека ниту сама не може да си поверува дека наскоро ќе наполни 60 години.

„Боже, навистина е тешко да кажам. Не ми се верува. Нема ништо лошо во тоа да наполниш 60 години, само не ми се верува.

Времето лета. Сега сум поприземна, научив многу работи во животот – во што треба да уживам, што треба да пробам, а што не треба“ – рече таа.

kortni-koks-za-golemiot-broj-fileri-na-nejzinoto-lice-ne-si-svesen-deka-izgledash-chudno-docna-sfativ-deka-preteruvam-08.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
„Со месеци повраќав крв“: Кејт Бекинсејл гневна откако ја обвинија дека е преслаба и зема Оземпик „Не е важно што мислат луѓето како изгледам или како би требала да изгледам, важ...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg