Помина 8 години во затвор за убиство на бебе, не зборува со татко ѝ – што знаеме за најстарата ќерка на Били Боб Торнтон?

Аманда е најстарата ќерка на актерот Били Боб Торнтон која од 2011 до 2020 година беше во затвор за убиство на бебе. Таа смета дека инцидентот бил несреќен случај, додека татко ѝ избегнува да зборува не само за оваа ситуација, туку и за Аманда воопшто.

pomina-8-godini-vo-zatvor-za-ubistvo-na-bebe-ne-zboruva-so-tatko-shto-znaeme-za-najstarata-kjerka-na-bili-bob-tornton-01.jpg

Дури и ако немате изгледано ниту еден филм со Били Боб Торнтон, сигурно го знаете поради неговиот бурен брак со Анџелина Џоли.

Џоли беше петтата сопруга на актерот, а кога ја почнаа врската, тој беше верен со актерката Лора Дерн.

pomina-8-godini-vo-zatvor-za-ubistvo-na-bebe-ne-zboruva-so-tatko-shto-znaeme-za-najstarata-kjerka-na-bili-bob-tornton-08.jpg

Додека беа заедно, Џоли и Били Боб беа најпознатиот, но и најконтроверзниот холивудски пар.

Покрај тоа што актерот е цели 20 години постар од Џоли, тие носеа и шишенца полни со нивната крв. Истовремено, според извори блиски до актерите, заедно си купиле и плац на гробишта.

pomina-8-godini-vo-zatvor-za-ubistvo-na-bebe-ne-zboruva-so-tatko-shto-znaeme-za-najstarata-kjerka-na-bili-bob-tornton-13.jpg

Но, Анџелина Џоли не е единствената контроверзија во животот на познатиот актер.

Били Боб Торнтон беше во брак со шест жени, а има и четири деца.

pomina-8-godini-vo-zatvor-za-ubistvo-na-bebe-ne-zboruva-so-tatko-shto-znaeme-za-najstarata-kjerka-na-bili-bob-tornton-09.jpg

Додека сите деца се држат понастрана од јавноста, најстарата ќерка – Аманда – извесен период беше и попопуларна од татко ѝ бидејќи помина речиси девет години во затвор.

Актерот ја доби Аманда со првата сопруга Мелиса Ли Гејтлин во 1979 година.

pomina-8-godini-vo-zatvor-za-ubistvo-na-bebe-ne-zboruva-so-tatko-shto-znaeme-za-najstarata-kjerka-na-bili-bob-tornton-05.jpg

По разводот, Аманда останала со мајка ѝ и немала речиси никаков контакт со актерот.

Мајка ѝ Мелиса ја држела што е можно подалеку од очите на јавноста и за нејзиниот живот не се знаеше ништо, сè до 2008 година, кога беше обвинета за убиство.

pomina-8-godini-vo-zatvor-za-ubistvo-na-bebe-ne-zboruva-so-tatko-shto-znaeme-za-najstarata-kjerka-na-bili-bob-tornton-11.jpg

Според извори блиски до Аманда, затворската казна дополнително го влошил односот со татко ѝ.

„Били Боб ѝ го сврте грбот на првородената ќерка во период кога ѝ требаше најмногу. На Аманда не ѝ е јасно зошто“, сподели еден извор.

pomina-8-godini-vo-zatvor-za-ubistvo-na-bebe-ne-zboruva-so-tatko-shto-znaeme-za-najstarata-kjerka-na-bili-bob-tornton-06.jpg

Во октомври 2008 година, Аманда била во нејзиниот дом со 1-годишната ќерка на нејзината пријателка.

1-годишната Оливија била во детска оградица и додека пробувала да се прекачи преку оградата, паднала на земјата.

Девојчето си ја удрило главата од подот, но немало видливи повреди.

pomina-8-godini-vo-zatvor-za-ubistvo-na-bebe-ne-zboruva-so-tatko-shto-znaeme-za-najstarata-kjerka-na-bili-bob-tornton-04.jpg

По некое време, Аманда забележала дека Оливија престанала да дава знаци на живот. Пробала да ѝ помогне со ЦПР, но не реагирала, па ја однела на болница.

Но, во болницата девојчето било прогласено за мртво.

Најпрво на Аманда ѝ се судеше за злоупотреба на деца, но на крај беше обвинета за убиство.

Во 2011 година, таа доби 20-годишна казна затвор.

pomina-8-godini-vo-zatvor-za-ubistvo-na-bebe-ne-zboruva-so-tatko-shto-znaeme-za-najstarata-kjerka-na-bili-bob-tornton-14.jpg

Додека траеше судскиот процес, Били Боб Торнтон уште толку се дистанцираше од ќерка му и не спомна ништо за неа во јавност, а неговиот портпарол даде само една изјава:

„Били Боб немал контакт со Аманда веќе извесно време. Кога беше информиран за ситуацијата, изјави: ’Незамислива трагедија е кога ќе згасне живот на бебе и моето срце е со семејството на бебето и неговите сакани‘“.

pomina-8-godini-vo-zatvor-za-ubistvo-na-bebe-ne-zboruva-so-tatko-shto-znaeme-za-najstarata-kjerka-na-bili-bob-tornton-07.jpg

Во 2013 година, Аманда побара одново да се отвори нејзиниот случај со цел да ја докаже невиноста, но барањето ѝ беше одбиено.

Во 2020 година, по 8 и пол години зад решетки, Аманда беше ослободена откако се согласи дека ќе престане да бара ново судење и нова пресуда.

pomina-8-godini-vo-zatvor-za-ubistvo-na-bebe-ne-zboruva-so-tatko-shto-znaeme-za-najstarata-kjerka-na-bili-bob-tornton-02.jpg

pomina-8-godini-vo-zatvor-za-ubistvo-na-bebe-ne-zboruva-so-tatko-shto-znaeme-za-najstarata-kjerka-na-bili-bob-tornton-03.jpg

Сепак, некои извори тврдат дека Аманда планира да побара помилување бидејќи наводно имало нови докази кои покажувале дека смртта на бебето е несреќен случај.

Моментално Аманда живее со сопругот, со кого е во брак уште пред трагичниот инцидент.

Парот има и ќерка, и се држи понастрана од јавноста.

pomina-8-godini-vo-zatvor-za-ubistvo-na-bebe-ne-zboruva-so-tatko-shto-znaeme-za-najstarata-kjerka-na-bili-bob-tornton-10.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg