Не го познава биолошкиот татко, гласини дека со Пол Вокер биле во лоши односи – Факти за Вин Дизел
- Детали
- среда, 01 март 2023
Пол Вокер и Вин Дизел не само што не биле како браќа, туку и не се поднесувале. Вин секогаш се обидувал да го надмине на снимањата, се обидувал да биде во фокусот на вниманието, Пол денес би останал збунет од тврдењата дека тие се како браќа - наводно Вин Дизел има некои мрачни тајни што не сака да се дознаат. Кои се тие?
Вин Дизел (55) е еден од најпознатите актери денес. Благодарение на улогата на Доминик Торето во серијалот Fast and Furious речиси и да нема човек што денес не знае кој е тој.
На приватен план Вин повеќе од 14 години е верен на својата партнерка Палома Хименез со која имаат 3 деца, а на поле кариера актерот зад себе има голем број филмски остварувања и лично богатство во износ од 225 милиони долари.
Во продолжение неколку интересни факти и мрачни тајни што тој не сака да се дознаат:
Вин Дизел е роден во 1967-ма година во Калифорнија како Марк Синклер. Мајката на Вин Дизел стапила во брак со непознат маж, кој одлучил да ја напушти во моментот кога дознал дека таа е бремена со Вин и неговиот брат близнак Пол.
Кога Вин имал 3 години, мајка му се премажила за Ирвинг Х. Винсент, кој одлучил да ги посвои Вин и неговиот брат Пол. Ирвинг работел како инструктор по глума, а потоа во телевизија и во филмското образование и се верува дека токму тој му помогнал да ја почне кариерата на младиот актер.
Мајката на Вин Дизел е астролог, но актерот вели дека таа никогаш не сакала да му направи наталнa карта, затоа што сметала дека се премногу блиски.
Кога имал само 7 години, Вин заедно со брат му и уште неколку пријатели провалиле во театар. Но, откако ги фатил, наместо да викне полиција режисерот им дал по 20 долари на секое од децата и сценарио за учење – па така актерот ја добил својата прва улога.
Додека студирал на колеџ во Њујорк, Вин работел како обезбедување во клубови и токму тогаш одлучил да го промени своето име.
Во овој период веќе пишувал сценарија и сакал да работи како актер, а во 1994-та година сам го напишал, го одиграл и го режирал филмот Multi-Facial што се прикажувал и на Кански фестивал.
Вратите во Холивуд ќе му ги отвори улогата во филмот Saving Private Ryan, по што ќе следуваат улогите во филмовите Riddick, Fast and Furious, XXX.
Интересно е што голем број од опасните сцени во филмовите актерот ги снима сам, а користи двојници само кога е болен. За време на снимањето на XXX еден од двојниците ќе почине за време на снимање на една од сцените и актерот вели дека тоа го научило колку треба да се внимава.