Први фотки од Моника Белучи (58) и новиот дечко Тим Бартон (64) – 4 месеци се гледале во тајност, се познаваат 16 години
- Детали
- четврток, 23 февруари 2023
Цели четири месеци, Моника Белучи успешно ја криеше врската со режисерот Тим Бартон, а сега се појавија првите фотки од парот. Моника и режисерот се запознале пред 16 години, но тогаш и двајцата имаа други партнери.
Моника Белучи е во врска со режисерот Тим Бартон, а наводно парот се гледал во тајност веќе четири месеци.
Веста прв ја сподели францускиот медиум Paris Match кој открива дека парот се зближил на филмскиот фестивал Lumiere во Лион.
На фестивалот, кој се одржа во октомври минатата година, Тим Бартон освои награда која му беше доделена од Моника Белучи.
По ова, тие биле забележани како заедно одат на кино и тој период почнала нивната врска.
Сега, пак, се појавија и првите фотки од парот, кои според Daily Mail, се направени на Денот на вљубените.
58-годишната актерка и 64-годишниот режисер шетаат прегрнати, а во еден миг споделуваат и бакнеж.
Моника и Тим првпат се запознале во 2006-та на Канскиот филмски фестивал. Тогаш Моника беше во брак со актерот Винсент Касел, додека Тим Бартон беше во врска со Хелена Бонам Картер.
Моника Белучи е сингл од 2019 година, откако се раздели од артистот Никола Лефебвре.
Бракот со Винсент Касел, пак, траеше од 1997 до 2013 година, а парот има и две ќерки.
Тим Бартон, од друга страна, не беше во брак со Хелена Бонам Картер, но беа во врска од 2001 до 2014 година и имаат две деца.
Спирова С. | Црнобело