Шон Мендез (24) ги разгоре гласините за врска со 51-годишна докторка, откако раскина со Камила Кабејо (фото)
- Детали
- среда, 22 февруари 2023
Бившиот на Камила Кабејо, Шон Мендез и неговата киропрактичарка која е 27 години постара од него повторно ги разгореа гласините дека се во врска. Од минатата година, тие се практично неразделни, а Шон ја однесе и на забавата по Греми наградите.
Поранешниот дечко на Камила Кабејо, Шон Мендез, продолжува да ги разгорува гласините за врската со Џоселин Миранда – 51-годишна киропрактичарка која соработува со бројни познати личности.
Последно 24-годишниот пејач и Џоселин беа забележани на прошетка во Калифорнија.
Бившиот на Камила носеше само шорцови, додека Џоселин беше во хеланки и црна маичка.
Парот им се насмевна на папараците, а Шон дури и им порача слободно да ги фотографираат, но потоа да ги остават да завршат со шетањето.
На крај, тие влегоа во автомобил.
Првите гласини за нивната врска се појавија уште во јули минатата година, кога беа забележани на ручек во ресторан, а оттогаш се чини дека се неразделни.
На почетокот од февруари, пак, Џоселин присуствуваше на забавата по доделувањето на Греми наградите, а потоа отиде и во домот на пејачот.
Според Daily Mail, Шон почнал да соработува со Џоселин уште во 2018 година, а таа била со него и на турнеја во 2019-та.
Иако Џоселин има соработувано со бројни славни личности, како Џастин и Хејли Бибер, па и Кендал Џенер, со никој од нив не се дружи колку со Шон.
Таа има споделено и неколку фотки со Шон на Инстаграм.
Претходно, Шон беше во сериозна врска со Камила Кабејо. Тие почнаа да се гледаат во 2019 година, а заедно го издадоа и хитот Senorita. Во 2021 година соопштија дека се разделиле.
Неколку месеци по разделбата, Шон напиша и песна за раскинувањето – When You’re Gone:
„Мислам дека со песната на некој начин процесирав како е повторно да бидам сингл, како да научам да се справам со тоа и да бидам овде за мене“.
Камила, пак, до неодамна беше во врска со Остин Кевич – извршен директор на апликацијата за онлајн состанување LoxClub.
Тие се разделија пред неколку денови, по околу осум месеци заедно.
Спирова С. | Црнобело