Ребел Вилсон ја запроси девојката, откако откри дека најблиските не ја прифаќаат нивната врска (фото)
- Детали
- понеделник, 20 февруари 2023
„Мислев дека барам принц од бајките... Но, можеби она што навистина ми требаше е принцеза од бајките“ – со овие зборови актерката Ребел Вилсон откри дека е во врска со Рамона Агрум, во јуни минатата година, а сега сподели фотографии дека ја запросила во Дизниленд.
Актерката Ребел Вилсон (42) откри дека се свршила со нејзината девојка Рамона Агрум (38).
Како што може да се види од фотографиите објавени на Инстаграм, актерката одлучила да ја запроси девојката во Дизниленд, во контекст на нејзините претходни изјави дека за неа Рамона е Дизниева принцеза.
„Кажавме ДА!“ – напиша Ребел до фотографиите.
Ребел и Рамона открија дека се во врска во јуни минатата година, а во ноември актерката соопшти дека добила ќерка со помош на сурогат мајка.
Ребел неодамна зборуваше и за тоа како средината и најблиските ја прифатиле нејзината врска со Рамона и откри дека нејзиното семејство ја поддржало во одлуката да започне врска со жена, но откри дека семејството на нејзината свршеница не било среќно.
„Моето семејство е прекрасно, но семејството на Рамона не сака да ја прифати нашата врска. Па затоа за неа беше многу потешко јавно да открие дека сме во врска.
Навистина ми е жал што гледам што се случува со нејзиното семејство заради нашата врска. Се надевам дека луѓето ќе го променат нивниот став“ – рече таа неодамна во едно гостување.
Инаку, пред да ја започне врската со Рамона, Ребел беше во врска со неколку мажи, меѓу кои и бизнисменот Џејкоб Буш, како и со австралискиот тенисер Мет Рид.
Ребел и Рамона честопати беа фотографирани заедно во минатото, но сите веруваа дека тие две се само пријателки.
Б. С. Б. | Црнобело