Детали за бракот на Емануел и Брижит Макрон: Таа му ги бира пријателите, тој не заспива додека не ѝ го раскаже денот
- Детали
- сабота, 11 февруари 2023
Бракот на францускиот претседател Емануел Макрон со неговата сопруга Брижит се смета за скандалозен заради тоа што таа е 24 години повозрасна од него, а ја запознал додека му била професорка по книжевност. Таа за себе вели дека е поопасна од него, а сите знаат дека Брижит го има главниот збор во бракот – непознати детали за бракот на претседателот на Франција.
И по 16 години брак, врската на Емануел Макрон (45) и Брижит Макрон (69) привлекува внимание заради големата разлика во годините, но и затоа што тие се вљубиле еден во друг кога сегашниот француски претседател бил малолетен.
Тие двајца се запознале кога Емануел имал само 15 години, a таа 39, но биле свесни дека ќе бидат мета на критики и осуда.
Неодамна, Макрон отворено одговараше на прашања поврзани со него и со приватниот живот, па повторно го потсетија дека „претседателот треба да биде пример, а не да се ожени за својата професорка“, на што тој одговори:
„Не можете да изберете во кого ќе се вљубите... Кога сте вљубени не бирате. Таа не ми беше професорка, туку инструктор по глума“ – појасни тој.
Брижит заради врската со ученикот ја загубила работата и бракот. Таа се разведе од својот прв сопруг Андре Луи Озиер со кого има 3 деца во 2006-та година, а една година подоцна во 2007-ма година одлучиле да стапат во брак.
Денес, по одлука на Емануел, парот нема други деца, но тој вели дека има 3 деца и 7 внуци, со што нагласи дека децата од првиот брак на неговата сопруга ги смета за свои.
Новинарката Гел Чакалоф важи за една од најблиските пријателки на Брижит, па во книгата As Long as We're Together, таа открива голем број непознати детали за нивниот брак.