Детали за бракот на Емануел и Брижит Макрон: Таа му ги бира пријателите, тој не заспива додека не ѝ го раскаже денот
Чакалоф откри дека францускиот претседател ја бара на телефон својата сопруга на секои час и половина и дека тие двајца немаат никакви тајни меѓу себе.
Брижит и Емануел имаат заеднички распоред и во секој миг секој од нив знае што прави нивниот партнер“ – раскажува новинарката.
Таа откри дека претседателот оди да спие дури по долгите разговори со неговата сопруга што е лудо вљубена во него.
„Таа понекогаш дреме и не го ни слуша што зборува, но најчесто таа го чека да се врати“ – раскажува таа.
И покрај големата разлика во годините се чини дека Емануел и Брижит се лудо вљубени еден во друг, па тие постојано се допираат и се бакнуваат.
Она што најмногу им пречи на соработниците на Макрон е тоа што и претседателот и неговата сопруга веруваат дека Брижит најдобро знае кој му мисли добро, а кој зло.
Откако станала прва дама на Франција таа води сметка за сите соработници на претседателот, а сите што ја познаваат истакнуваат дека таа знае да биде многу остра, но и незгодна.
„Луѓето забораваат дека јас сум многу позлобна од мојот сопруг. Сега има многу помалку игри отколку на почетокот на неговиот мандат.
Луѓето чувствуваат дека кај нас не поминуваат такви работи. Никогаш не напаѓам прва, но способна сум да вратам. Кога нешто ќе почне да ми пречи, тоа го кажувам“ – рече во една прилика таа.
Б. С. Б. | Црнобело