Хит совет на Памела Андерсон за брзо запросување: „Сигурно функционира, така го натерав сопругот да стапиме во брак“ (видео)

„Ова функционира. По 9 години врска така го натерав сегашниот сопруг да стапиме во брак“ – стои во коментарите на социјалните мрежи за советот на Памела Андерсон за брзо стапување во брак, што стана вистински хит.

hit-sovet-na-pamela-anderson-za-brzo-zaprosuvanje-sigurno-funkcionira-taka-go-naterav-soprugot-da-stapime-vo-brak-video-01.jpg

Памела Андерсон беше во брак петпати, а голем број корисници на социјалните мрежи се согласни дека нејзиниот трик за тоа како да ги натерате мажите да ве запросат навистина е ефикасен. 

hit-sovet-na-pamela-anderson-za-brzo-zaprosuvanje-sigurno-funkcionira-taka-go-naterav-soprugot-da-stapime-vo-brak-video-02.jpg.jpg

Во рамки на нов документарен филм на Нетфликс, Pamela, a Love story, познатата актерка, Памела Андерсон (55) ја раскажа својата животна приказна, а како жена што петпати успеала да стапи во брак сега откри која е нејзината тајна за тоа набрзина да ги натерате партнерите како да клекнат на едно колено.

„Најлесен начин за да натерате некого да ве побара за жена е да му кажете: ‘никогаш нема да се омажам за тебе’. За 6 месеци ќе бидете во брак, сигурно. Тоа треба да го направите, во ред?“ – вели таа на крајот на документарниот филм.

@cassiedianne Maybe this will work #pamelaanderson #netflix #marriage #fyp ♬ original sound - Cassie

Ова видео масовно се споделува на ТикТок, а дел од корисниците коментираат дека ниту на Шекспир не би му текнало да креира таков заплет.

„Одеднаш стануваш предизвик за некого“, „Ова функционира. По 9 години врска му кажав на мојот сегашен сопруг дека нема да се омажам за него и по 2 месеци бевме во брак“, „Еј! Ова ми го кажа сопругот, клучен збор ’СОПРУГ’“, „По 5 свршенички прстени ви гарантирам дека е точно“, „Ме запроси по само 2 недели откако му реков дека ако сега ме запроси нема да прифатам“ – велат дел од корисниците на ТикТок.

Што мислите вие, функционира ли овој совет на Памела?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
„Не сакам да сум сопруга, туку девојка“: Шакира и уште 4 славни кои не сакаат да стапат во брак Шакира никогаш не била во брак, а Џејн Фонда смета дека сама може да направи пов...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg