Шакира (46) е емотивна додека фановите ѝ покажуваат љубов, на нејзиниот прв роденден без Пике
- Детали
- петок, 03 февруари 2023
Кога си светска ѕвезда која сите ја обожаваат и имаш поддршка во најтешкиот период од животот, тогаш срцето е полно. Шакира пресреќна од потегот на фановите, по сите скандали со Пике...
Шакира го прослави 46-тиот роденден во Барселона, Шпанија, а доживеа неверојатно изненадување пред нејзиниот дом.
Нејзините фанови се собрале да ѝ го прослават роденденот и да ѝ дадат поддршка по разделбата и скандалите со Жерар Пике.
Облечена во спортско издание и насмеана, Шакира ѕирка од терасата на нејзиниот дом, а позади неа во еден кадар се гледа и 9-годишниот син Милан.
Шакира и Пике се разделија по 12-годишна љубовна романса, а Шакира тешко го поднесе сето тоа и фановите очигледно сфатиле дека ѝ е потребна поддршка на првиот роденден без Пике.
Фановите се организирале толку добро што пред нејзиниот дом роденденски ѝ свиреле дури и маријачи.
Таа им мавта пресреќна, а потоа и се симнува да се дружи со нив.
Шакира на 46-тиот роденден:
С. С. | Црнобело