„Само таа може да се појави во плетен џемпер на моден настан“ – Мирка и Роџер Федерер се хит на Париската модна недела
- Детали
- среда, 25 јануари 2023
„Последните неколку години беа потешки за мојата сопруга, отколку за мене“ – рече Роџер Федерер непосредно пред да објави дека се пензионира. Парот неодамна беше фотографиран на Модната недела во Париз, а Мирка уште еднаш покажа дека самодовербата ѝ е најсилен адут.
Роџер Федерер очигледно ужива во слободното време откако се пензионира од тенисот, а деновиве се појави на Модната недела во Париз, каде беше придружуван од сопругата Мирка и главната уредничка на Vogue, Ана Винтур.
Во септември минатата година, Роџер Федерер со солзи во очите се прости од тениската кариера, откако претходно 3 години имаше здравствени проблеми со коленото.
Пред да најави дека се пензионира, тој откри дека во последните години од кариерата на неговата сопруга тешко ѝ паѓало да го гледа како се измачува и одбива да престане да игра иако има повреда.
„Последните неколку години беа тешки за мене, но мислам дека беа потешки за неа. Заради повредите таа не уживаше повеќе да ме гледа.
Ми беше жал за неа. Чувствувам дека ми олесна затоа што повеќе нема да се грижи за мене, сега кога е крај“ – рече Федерер.
Во понеделникот, (23.01) Мирка и Роџер заедно присуствуваа на модното шоу на Chanel, а 41-годишниот тенисер се појави во елегантен костум и брзо го привлече вниманието кај присутните.
Следниот ден, (24.01) познатиот пар се појави на модната ревија на Dior, каде Роџер одлучи да ја замени белата кошула со ролка, а Мирка овојпат носеше светкав комплет што го надополни со плетен елек.
На Твитер нејзиниот изглед предизвика низа реакции, па така фотографиите од нивното појавување масовно се споделуваат:
„Додека на другата страна на светот се игра Australian Open, Мирка Федерер носи елек со плетен јарец на модната недела во Париз. Дури и во пензија мама и тато им покажаа на децата како треба да се истакнат“ – стои во еден од твитовите.
Across the world from the #AusOpen, Mirka Federer is wearing a knit goat vest to Paris Fashion Week.
— Racquet (@racquetmagazine) January 25, 2023
In retirement, Mom and Dad still showing the kids how to make a statement. 💥🐐 pic.twitter.com/pf8CEvpY7e
Погледнете уште неколку фотографии од Роџер и Мирка во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело