Беа во одлични односи, но по разделбата со Пике, Шакира ѝ објави војна на мајка му – Зошто?
- Детали
- петок, 20 јануари 2023
„Не може да ѝ прости што ја поддржа аферата на синот со новата девојка, па сега се одмаздува“ - На овој начин шпанските медиуми го опишуваат односот што Шакира го има со мајката на нејзиниот поранешен партнер. Пејачката ја прозва свекрвата во својата најнова песна, а сега и физички одлучи да се огради од нив.
Колумбиската пејачка Шакира по разделбата со Жерар Пике очигледно е во војна со поранешната свекрва, докторката Монтсерат Бернабеу.
По веста за разделбата од Пике, шпанските медиуми пишуваа дека Шакира планира заедно со децата да се пресели во Мајами, но таа и понатаму е во Барселона, во куќата каде што живееше со фудбалерот и каде што први соседи ѝ се неговите родители.
Откако ја објави својата нова песна „Music Sessions #53“ која важи за „одмаздничка“ песна, не стивнуваат пишувањата за наводна војна меѓу Шакира и мајката на Пике, Монтсерат Бернабеу.
„Ме остави да живеам како сосетка на свекрвата, со новинарите пред врата и долг кон властите“ – вели во еден стих од песната, Шакира.
https://www.youtube.com/watch?v=kMWbLejqWho
Набрзо по објавувањето на најновата песна, за која се шпекулира дека ја напишал нивниот постар син Милан (9), беше објавено уште едно видео од домот на Шакира во кое се гледа дека на балконот на познатата пејачка е поставена кукла во облик на вештерка, а во позадина на цел глас ечи новата песна, посветена на нејзиниот поранешен партнер.
shakira poniendo la session a todo volumen con una bruja en el balcón está destada por favor la amo pic.twitter.com/KwEywZnMI6
— 🍃 (@uxioferreeiro) January 14, 2023
Освен тоа, порталот Marca објави видео на кои се гледа дека Шакира има во план целосно да се огради од родителите на нејзиниот поранешен партнер, па затоа викнала градежна компанија да постави ѕид на оние места каде што двата имоти се споени.
Shakira is currently building a wall to separate her house from her mother-in-law's house.
— Kalorie (@kewchiy) January 17, 2023
https://t.co/MdlyqHwoqk
Фотографиите и видеата од мешалките за бетон се објавени речиси во сите светски медуми.
Инаку, претходно Шакира и Монтсерат беа во одлични односи и честопати си упатуваа комплименти една за друга во медиумите, но колумбиската пејачка очигледно не може да ѝ прости на свекрвата за тоа што од самиот почеток ја поддржала аферата на Пике со неговата 23 годишна девојка Клара Чиа.
Посебно ако се земе предвид дека неодамна се дозна дека аферата на Жерар Пике и Клара Чиа траела многу подолго отколку што претходно се мислеше и љубовницата редовно била гостин во неговиот дом, кога пејачката била на турнеи и патувања.
Според пишувањата во медиумите, пејачката сфатила дека партнерот ја изневерил откако видела дека некој ѝ го изел џемот од јагоди.
Очигледно пејачката смета дека родителите на фудбалерот знаеле за аферата на нивниот син, но молчеле.
Прочитајте и Како мал бил во кома, поранешната девојка ја изневерил со Шакира – Факти за Жерар Пике
Б. С. Б. | Црнобело