Гвинет Палтроу: „Да се има деца е тешко, тоа ја уништува љубовната врска“
- Детали
- среда, 18 јануари 2023
„Навистина е предизвик да се биде родител на мали деца и да се одржува здрава врска. Тоа едноставно ја уништува врската. Претешко е!“, споделува Гвинет Палтроу, која по 10 години брак во 2014 година се разведе од таткото на нејзините две деца. Сега е во втор брак, но со вториот сопруг нема заеднички деца.
Гвинет Палтроу (50) е мајка на две деца, односно има 18-годишна ќерка и 16-годишен син oд бракот со поранешниот сопруг Крис Мартин.
Неодамна таа искрено проговори дека откако ќе добиете деца, љубовната врска повеќе никогаш не е иста, односно дека децата буквално ја уништуваат врската.
Во еден поткаст, коментирајќи за нејзината пријателка Кети Пери, која има мало дете, Гвинет изјави:
„Тешко е тоа за врските, кога ќе погледнам наназад навистина е предизвик да се биде родител на мали деца и да се одржува здрава врска.
Тоа едноставно ја уништува врската. Претешко е!
Но, сметам дека ако двајцата партнери се подготвени да работат и прифатат обврски, тогаш е многу полесно.“
Потоа и Кети Пери додаде:
„Но, ако еден од партнерите смета дека не треба да прави ништо, тогаш ќе биде вистински предизвик.“
Од друга страна пак, Гвинет ја долови и убавата страна на мајчинството, односно се потсети кога во 2004 година ја родила својата ќерка и за првпат станала мајка.
„Откако го родив моето прво дете, веќе никогаш не се почувствував осамено, а пред да ја родам мора да признаам дека го имав тоа чувство.“
Гвинет се раздели од Крис Мартин, фронтменот на групата „Coldplay“ во 2014 година, по 10 години брак, а од септември 2018 година е во брак со нејзиниот втор сопруг Бред, кој исто така има две деца од претходен брак.
С. С. | Црнобело