„Ријад, убав си“ - Роналдо со Џорџина Родригез и децата се забавува во Луна парк во Саудиска Арабија
- Детали
- вторник, 17 јануари 2023
Во тематски парк во главниот град на Саудиска Арабија, Роналдо, кој стана најплатениот играч во историјата, ужива со семејството. Џорџина на вртоглаво високи потпетици шета во паркот со 4-те деца и саканиот.
Кристијано Роналдо со семејството се пресели во Саудиска Арабија каде ќе ја продолжи кариерата во фудбалскиот клуб „Ал Наср“, а земјата му посака топло добредојде со тоа што му дозволи да живее со саканата Џорџина Родригез, иако не се венчани, нешто што е спротивно на тамошните закони.
Роналдо објави фотографии како го дочекале фановите таму, но и соиграчите на фудбалскиот терен, а сега првпат објави и како приватно се забавува со своите сакани.
Во описот на фотографиите направени при прошетка и во Луна парк во градот Ријад, тој напиша: „Квалитетно време со моите сакани“, додека пак, Џорџина, која објави некоја фотографија плус од истиот ден, напиша: „Ријад, колку си убав“.
Роналдо со своите сакани во Саудиска Арабија:
С. С. | Црнобело