Бред Пит го прослави 59-тиот роденден со 30 години помладата девојка, откако ја однесе на премиерата на неговиот нов филм (фото)
- Детали
- вторник, 20 декември 2022
Во саботата Бред Пит го прослави 59-тиот роденден, и тоа со новата, 30 години помлада девојка. Неколку денови претходно, тој ја однел и на премиерата на неговиот нов филм, а изворите велат дека се пресреќни заедно и веќе прават планови за заеднички дочек на Нова година.
На 18-ти декември Бред Пит го прослави 59-тиот роденден, а истата вечер беше забележан во Холивуд со неговата нова девојка Инес де Рамон.
Бред Пит беше во лежерно издание со панталони и кошула и изгледаше навистина опуштено во друштвото на новата избраничка.
Парот беше фотографиран покрај автомобилот на актерот, а и двајцата речиси постојано се смееја.
По разводот со Џоли, Бред Пит беше поврзуван со неколку жени, вклучувајќи ја и Емили Ратајковски, но немаше ниту една сериозна врска.
Инес потекнува од Њу Џерси и според Daily Mail завршила факултет на Универзитетот во Женева во 2013 година.
Од 2020 година таа работи во продавница за накит која има многу познати клиенти, како Кортни Кардашијан и Хејли Бибер.
Пред романсата со актерот, таа беше во брак со актерот Пол Весли, а се разделија годинава.
Уште не е познато како се запознале актерот и Инес, а тие допрва треба да ја потврдат нивната врска за јавноста. Сепак, извори блиски до актерот уверуваат дека се пар.
Бројни фанови уште се надеваа дека Бред Пит и Џенифер Анистон можеби ќе сакаат да си дадат уште една шанса, особено по нивната средба на SAG Awards во 2020 година, каде што се забележуваше хемијата помеѓу нив.
Сепак, оттогаш се нема случено ништо помеѓу нив, а новата девојка на актерот веројатно е знак дека нема ни да се случи.
Всушност, се чини дека актерот е сериозен во врска со Инес бидејќи таа беше забележана и на премиерата на неговиот нов филм – Babylon.
Засега нема фотки од Инес на премиерата, но присутните велат дека Бред бил со неа дури и на забавата по премиерата.
„Сигурно многу му се допаѓа штом ја донесе на неговата премиера. Инес вели дека Бред е многу сладок и планираат заедно да ја прослават Нова година“, вели извор за People.
Според друг извор, иако парот уште нема разговарано за заедничка иднина, засега се среќни и се чувствуваат удобно еден покрај друг.
Спирова С. | Црнобело