Паѓање на косата, стрии: Ешли Греам ги покажува промените на телото по бременоста за кои ретко се зборува (фото)

Многу жени се соочуваат со паѓање на косата во текот на бременоста, но ова е симптом за кој се зборува навистина ретко. Сакајќи да ја зголеми свесноста за ова, но и да им помогне на новите мајки да си ја вратат самодовербата, Ешли Греам покажа како навистина изгледа нејзината коса, но и нејзиниот стомак, 10 месеци по породувањето.

pagjanje-na-kosata-strii-eshli-gream-gi-pokazhuva-promenite-na-teloto-po-bremenosta-za-koi-retko-se-zboruva-foto-01.jpg

Ешли Греам е една од ретките славни личности кои отворено зборуваат за промените на телото кои доаѓаат со бременоста.

Факт е дека ретко се зборува за тоа колкав предизвик е бременоста за секоја жена, а тоа што новите мајки се бомбардирани со фотографии од славни жени кои изгледаат совршено по породувањето дефинитивно има влијание врз нивната самодоверба.

pagjanje-na-kosata-strii-eshli-gream-gi-pokazhuva-promenite-na-teloto-po-bremenosta-za-koi-retko-se-zboruva-foto-05.jpg

Покрај вишокот килограми кои се најнормална појава за време на бременост, овде се и стриите на стомакот и градите, па дури и паѓањето на косата.

Неодамна, Ешли сподели неколку фотки на кои покажува како навистина ѝ изгледа косата 10 месеци по породувањето.

pagjanje-na-kosata-strii-eshli-gream-gi-pokazhuva-promenite-na-teloto-po-bremenosta-za-koi-retko-se-zboruva-foto-09.jpg

Кај некои жени, вклучувајќи ја и Ешли, косата се проретчува во текот на бременоста. Причината за ова е намалување на нивото на естроген.

Иако ова паѓање на косата не треба да биде причина за загриженост, секако дека ќе има влијание врз самодоверба на жената.

pagjanje-na-kosata-strii-eshli-gream-gi-pokazhuva-promenite-na-teloto-po-bremenosta-za-koi-retko-se-zboruva-foto-10.jpg

Во некои случаи, паѓањето на косата може да продолжи и извесен период по бременоста, односно околу 3-4 месеци по породувањето.

По околу една година од породувањето, косата би требало да се врати во нормала.

pagjanje-na-kosata-strii-eshli-gream-gi-pokazhuva-promenite-na-teloto-po-bremenosta-za-koi-retko-se-zboruva-foto-07.jpg

На фотките на Ешли се гледа дека нејзината коса почнала да расте, но сега има многу таканаречени бебешки влакна кои е невозможно да ги „смири“.

pagjanje-na-kosata-strii-eshli-gream-gi-pokazhuva-promenite-na-teloto-po-bremenosta-za-koi-retko-se-zboruva-foto-11.jpg

Неколку денови претходно, Ешли сподели и фотографија од нејзиниот стомак на Инстаграм Стори.

Како повеќето жени, и Ешли има стрии по бременоста и нејзината кожа не е воопшто затегната.

„Здраво ново стомаче. Изгледаш многу поразлично од она на коешто сум навикната. Но, те ценам“, пишува на објавата.

pagjanje-na-kosata-strii-eshli-gream-gi-pokazhuva-promenite-na-teloto-po-bremenosta-za-koi-retko-se-zboruva-foto-02.jpg

Стриите на стомакот се најнормална појава за време на бременоста. Како што расте стомакот, кожата на него се растегнува, па се појавуваат стрии.

Кај некои жени стомакот се враќа во нормала кратко по породувањето, но кај некои стриите и олабавената кожа остануваат.

pagjanje-na-kosata-strii-eshli-gream-gi-pokazhuva-promenite-na-teloto-po-bremenosta-za-koi-retko-se-zboruva-foto-04.jpg

Ова зависи од многу фактори, како возраст и генетика, и важно е да знаете дека дури и стомакот да не ви се врати во нормала, нема од што да се срамите и ова не треба да влијае врз вашата самодоверба.

Можете да го подобрите изгледот на стомакот со вежбање и здрава исхрана. Но, ако сте се породиле со царски рез, задолжително разговарајте со лекар кој ќе ви каже кога е безбедно да почнете со вежбање.

pagjanje-na-kosata-strii-eshli-gream-gi-pokazhuva-promenite-na-teloto-po-bremenosta-za-koi-retko-se-zboruva-foto-06.jpg

Како што веќе спомнавме, важно е да знаете дека сите овие промени се најнормални и пробајте да ги гледате како показател за што сè е способно вашето тело.

Бременоста е огромен предизвик и не треба да се чувствувате лошо поради промените што се случуваат.

pagjanje-na-kosata-strii-eshli-gream-gi-pokazhuva-promenite-na-teloto-po-bremenosta-za-koi-retko-se-zboruva-foto-03.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Познати жени кои се борат со опаѓање на косата Проблемот со опаѓање на косата не ги мачи само мажите, туку и жените.  Н...
Фото-споредби од познати жени кои (најверојатно) ги намалиле образите Кира Најтли, Ања Тејлор Џој и Деми Мур се само дел од славните жени за кои јавно...
Ни тие не се совршени: Лицата на познатите жени од лош агол, без Фотошоп (фото) И на скоро 60 години, Моника Белучи важи за една од најубавите жени во светот. И...
Ешли Греам првпат на модното шоу на Victoria’s Secret – ги покажа облините во црно боди од тантела (... Со црно боди од тантела и крилја украсени со златни цветови, Ешли Греам го имаше...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Познати жени кои биле жртви на семејно насилство (и отворено зборуваа за тоа) Сигурно се сеќавате на потресните фотографии од Ријана на кои пејачката е со мод...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg