8 познати дами кои отворено зборуваа за проблемите и предизвиците кои ги носи бременоста
Кејт Хадсон
Кејт Хадсон е мајка на три деца и изјави дека третата бременост ѝ била особено тешка.
Актерката откри дека кога работела додека била бремена, постојано имала и корпа за повраќање бидејќи постојано ѝ се гадело.
Кејт изјави и дека големите гради кои доаѓаат со бременоста предизвикуваат дополнителни проблеми.
Џесика Симпсон
За Џесика Симпсон, најтешка била третата бременост. Пејачката изјави дека цел месец имала болки во грбот, а стапалата ѝ биле толку отечени, што не можела да носи никакви чевли.
Аманда Сејфрид
Хормоналните промени можат да предизвикаат драстични промени во расположението кај бремените жени, а токму со ова се соочила Аманда Сејфрид.
Актерката вели дека во текот на целата бременост морала да пие антидепресиви и лекови за анксиозност.
Ен Хатавеј
Додека бременоста на актерката поминала без многу проблеми, за неа било особено иритирачко што луѓето поставувале премногу лични прашања.
Актерката неколкупати има зборувано за оваа тема и смета дека не е во ред што сите си земаат слобода да ги прашуваат бремените жени непријатни прашања.
Спирова С. | Црнобело