Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Брус Ли починал затоа што испил премногу вода – Нови теории за мистериозната смрт на познатиот актер

„Држел диета на водена база, а смртта настапила затоа што бубрезите не успеале да го исфрлат вишокот течност од неговиот организам“ – тврдат лекарите 50 години по смртта на актерот Брус Ли. Дали конечно е решена мистеријата за неговата смрт?

brus-li-pochinal-zatoa-shto-ispil-premnogu-voda-novi-teorii-za-misterioznata-smrt-na-poznatiot-akter-01.jpg

Смртта на познатиот актер Брус Ли речиси 50 години е предмет на теории на заговор и шпекулации.

Се знае дека актерот починал во сон откако претходно земал лек против болки додека бил кај тајванската актерка Бети Тинг Пеи, а причините за неговата прерана смрт со години не се познати.

brus-li-pochinal-zatoa-shto-ispil-premnogu-voda-novi-teorii-za-misterioznata-smrt-na-poznatiot-akter-12.jpg

Брус Ли починал на возраст од 32 години во 1973-та година во Хонг Конг. Аутопсијата покажала дека тој има голем оток на мозокот, а се претпоставуваше дека тоа било предизвикано од лековите што актерката му ги дала.

Според теориите на заговори, Брус Ли бил убиен од страна на кинеската мафија „Тријада“ затоа што одбивал да плати рекет, потоа се појавија шпекулации дека имал афера со актерката Тинг која го убила од љубомора, затоа што актерот не сакал да ја напушти сопругата Линда Ли со која имаше две деца Шенон и Брендон.

brus-li-pochinal-zatoa-shto-ispil-premnogu-voda-novi-teorii-za-misterioznata-smrt-na-poznatiot-akter-03.jpg

Некои теории на заговор одат дотаму што тврдат дека актерот бил убиен од страна на монаси кои биле гневни затоа што тој ги откривал тајните за боречките вештини на странци, а според други, пак, актерот потекнува од проколнато семејство.

brus-li-pochinal-zatoa-shto-ispil-premnogu-voda-novi-teorii-za-misterioznata-smrt-na-poznatiot-akter-02.jpg

Наводно Брус имал постар брат, кој исто така починал во младоста и многумина шпекулирале дека нивното семејство е проколнато да нема машки наследници.

Сега, речиси 50 години подоцна, лекарите дојдоа до ново тврдење што може да открие која е причината за смртта на Брус Ли.

brus-li-pochinal-zatoa-shto-ispil-premnogu-voda-novi-teorii-za-misterioznata-smrt-na-poznatiot-akter-07.jpg

Според информациите објавени во Clinical Kidney Journal, Брус Ли починал од хипоанатремија, односно вишок вода во организмот.

„Во состојба на хипоанатремија нивото на соли во крвта – што на телото му се потребни за балансирање на течностите - е ненормално ниско“ – се појаснува во статијата.

brus-li-pochinal-zatoa-shto-ispil-premnogu-voda-novi-teorii-za-misterioznata-smrt-na-poznatiot-akter-06.jpg

Според лекарите, заради оваа состојба сите клетки во телото почнуваат да отекуваат, па дури и мозокот.

Според студијата, Брус со својот начин на живот бил во ризик од хипоанатремија, затоа што се знае дека пиел огромни количества вода, користел канабис, што исто така ја зголемува жедта, а користењето на лекови и алкохол го нарушувале работењето на бубрезите.

brus-li-pochinal-zatoa-shto-ispil-premnogu-voda-novi-teorii-za-misterioznata-smrt-na-poznatiot-akter-10.jpg

Неговата сопруга Линда откри дека актерот пред смртта бил на течна диета што се состоела само од сокови од јаболка и моркови.

„Ние заклучуваме дека Брус Ли починал од посебен вид на пореметување на бубрезите: неможност да се исфрли доволно вода од организмот, што понатаму довело до хипоанатремија, отекување на мозокот и смрт“- стои во истражувањето.

brus-li-pochinal-zatoa-shto-ispil-premnogu-voda-novi-teorii-za-misterioznata-smrt-na-poznatiot-akter-11.jpg

Се знае дека неколку недели пред смртта актерот бил примен во болница откако му се слошило за време на снимањето на филмот Enter The Dragon, по што било откриено дека има отекување на мозокот, а тогаш признал и дека консумирал непалски хашиш непосредно пред снимањето.

brus-li-pochinal-zatoa-shto-ispil-premnogu-voda-novi-teorii-za-misterioznata-smrt-na-poznatiot-akter-09.jpg

Дополнително, според биографијата, Брус Ли дента пред смртта се жалел на главоболки, а наводно во текот на денот најмалку трипати консумирал марихуана и се верува дека заради тоа внел повеќе течности во организмот од потребното.

brus-li-pochinal-zatoa-shto-ispil-premnogu-voda-novi-teorii-za-misterioznata-smrt-na-poznatiot-akter-08.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зависности, брак од 6 дена: Проклетството што ги следи актерите од „Сам дома“ Актерот што го глуми Баз, брат му на Кевин, беше обвинет за семејно насилство, н...
8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Славни личности кои трагично го изгубија животот пред 30-тиот роденден Курт Кобејн имаше само 27 години кога си го одзеде животот поради проблемите со ...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...
Двапати банкротирал, има трауми од повредата на половиот орган – Ал Пачино откри досега непознати де... Благодарение на мајка му успеал да ја избегне судбината на неговите најблиски др...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg