Имал афера со внуката, обвинет дека сексуално вознемирувал колешки – Скандалите на Морган Фримен повторно испливуваат на површина
Давенпорт тврдел дека пред смртта Едена имала афера со нејзиниот дедо Морган Фримен и дека тој сексуално ja злоупотребувал Едена уште кога била девојче.
Имено, Едена не е биолошка внука на актерот. Таа е внука на првата сопруга на Морган Фримен, Жанет Адаир Бредшо.
Но, Едена била посвоена од него и пораснала заедно со Морган Фримен и неговата втора сопруга Мирна Коли Ли, а за време на судењето за нејзиното убиство, нејзиното поранешно момче изнело голем број докази во вид на телефонски преписки и комуникација што требало да укажат на тоа дека таа имала „нездрава“ врска со својот дедо.
Актерот само во една прилика коментираше за односот со внука му и јавно ги негираше сите обвиненија, па дури на новинарот што му постави прашање за аферата, му рече:
„Не знам ни за што ми зборуваш...“
Во 2019-та година Давенпорт беше обвинет на затворска казна од 20 години за убиството на Едена, а во завршните зборови упати јавно извинување и рече дека воопшто не се сеќава што се случило таа вечер.
Во меѓувреме, додека во таблоидите се шпекулираше за односот на Фримен со внуката, околу 16 жени излегоа во јавност со тврдење дека биле жртви на сексуално вознемирување од страна на актерот додека работеле со него.
Жените тврдат дека постојано морале да ги трпат непријатните коментари и забелешки за нивниот изглед, а дури и една новинарка на CNN тврди дека кога му правела интервју додека била бремена, тој ѝ рекол:
„Посакувам да бев внатре, сочна си...“
По ова актерот упати јавна порака до јавноста во кое им се извини на жените затоа што ненамерно направил да се чувствуваат непријатно и посочи дека никогаш немал намера другите да се чувствуваат лошо или непочитувано.
Б. С. Б. | Црнобело