Имал афера со внуката, обвинет дека сексуално вознемирувал колешки – Скандалите на Морган Фримен повторно испливуваат на површина
- Детали
- вторник, 22 ноември 2022
Го обвинија дека имал афера со внуката која била под негово старателство, 16 жени го обвинија за сексуално вознемирување, а во моментов е на удар заради „дебелиот“ хонорар што го заработи во Катар – скандалите на Морган Фримен од последните неколку години повторно се актуелизираа по појавувањето на Светското првенство во фудбал.
Познатиот актер Морган Фримен (85) настапи на отворањето на светското првенство во фудбал во Катар и ја изненади јавноста затоа што тој беше еден од ретките светски ѕвезди што го прифати дебелиот хонорар и одлучи дека ќе биде наратор на свечената церемонија.
Појавувањето на Морган Фримен беше топ тема на социјалните медиуми, каде твитерџиите го критикуваат дека ги прифатил „крвавите“ пари на Катарците за да биде наратор, а со слични коментари се соочува и Дејвид Бекам кој беше фотографиран на стадионот во Доха.
Од друга страна, со ова појавување на Фримен во Катар, очите на јавноста повторно се свртеа на скандалот од пред 7 години кога холивудскиот ветеран ги полнеше таблоидите со вестите за смртта на неговата внука со која наводно имал афера и ја злоставувал уште кога била дете.
Во 2015-та година Едена Хајнс, внуката на Морган Фримен беше најдена мртва на тротоар на Менхетн, а на нејзиното тело имало 25 убодни рани од нож.
До неа било нејзиното тогашно момче Ламар Давенпорт кој неконтролирано говорел за демоните и за ѓаволот и тврдел дека тој ќе ги исфрли од неа.
Давенпорт под дејство на опојни супстанци ја убил девојката во јавност пред голем број очевидци по што веднаш бил уапсен, но потоа следеа шокантни обвиненија.