Машин Ган Кели стана хит меме со бизарниот костум со боцки на доделувањето на Американските музички награди (фото)
- Детали
- понеделник, 21 ноември 2022
Машин Ган Кели се појави на доделувањето на Американските музички награди во бизарен костум со боцки, а твитерџиите веднаш почнаа да споделуваат мемиња и да го споредуваат со морски еж, па дури и перниче за игли.
На доделувањето на Американските музички награди присуствуваа некои од најголемите имиња од музичката индустрија, но најмногу внимание привлече Машин Ган Кели.
32-годишниот музичар се појави на црвениот тепих во виолетов костум со боцки. Очекувано, твитерџиите почнаа да се шегуваат на негова сметка и да споделуваат мемиња, споредувајќи го пејачот со морски еж, па и перниче за игли.
Некои, пак, се прашуваат како пејачот може да седи со ваков костум.
Машин Ган Кели добри награда на доделувањето, а во говорот го прокоментира неговиот необичен стајлинг, истакнувајќи дека одењето во тоалет е вистински предизвик.
Додека траеше доделувањето, музичарот седеше до Лајонел Ричи, а на Твитер осамнаа многу шеги и за тоа.
„Еден погрешен потег и толку од Лајонел Ричи“.
Дел од најсмешните мемиња инспирирани од бизарниот стајлинг на Машин Ган Кели:
„Лајонел Ричи откако цела ноќ седеше до Машин Ган Кели“.
„Машин Ган Кели вечерва“.
„Машин Ган Кели изгледа одлично вечерва“.
„Машин Ган Кели изгледа како да излегол од сетот за шиење на мајка ми“.
„Машин Ган Кели оди на АМА, подгответе се за црвениот тепих“.
„Машин Ган Кели добил инспирација од Господарот на прстените“.
Спирова С. | Црнобело