Доналд Трамп повторно се кандидира за претседател на САД – емотивна изјава за Меланија, Барон пораснат (фото)
- Детали
- среда, 16 ноември 2022
„Тоа не беше лесен пат за прекрасната прва дама, навистина не беше. Ќе појдев дома и таа ќе ми кажеше дека изгледам луто и вознемирено, а јас само ќе ѝ кажев да ме остави на мир. Навистина не беше лесно, но таа беше одлична прва дама и луѓето ја сакаат“, гласеа пофалните зборови на Доналд Трамп за неговата сопруга Меланија.
Доналд Трамп официјално се кандидираше по третпат за претседател на САД, а претседателските избори ќе бидат во 2024 година.
„Со цел да ја направам Америка повторно одлична и блескава, ја објавувам мојата кандидатура за претседател“, изјави тој на настанот на неговиот имот Мар-а-Лаго на Флорида.
Во раскошен амбиент, придружуван од неговото семејство, тој самоуверено настапи на сцената.
Меланија Трамп, како и секогаш изгледаше средено и префинето, овојпат во кошула и тесно бело здолниште, додека нивниот син Барон Трамп во одело изгледа сериозно и видно е пораснат.
Инаку, Трамп ја напушти Белата куќа пред три години, а на негово место дојде Џо Бајден.
За време на најавата на претседателската кандидатура, Трамп отворено призна дека неговата сопруга Меланија имала тешкотии во Белата куќа, но дека таа ќе му биде поддршка повторно и ја покани на сцената, додека присутните ѝ аплаудираа.
„Тоа не беше лесен пат за прекрасната прва дама, навистина не беше“, изјави тој за времето на претседателските денови.
„Ќе појдев дома и таа ќе ми кажеше дека изгледам луто и вознемирено, а јас само ќе ѝ кажев да ме остави на мир. Навистина не беше лесно, но таа беше прекрасна прва дама и луѓето ја сакаат.“
Повеќе фотографии од настанот:
Прочитајте и 11 работи кои не ги знаевте за Меланија Трамп како мајка
С. С. | Црнобело