„Не изгледаш помладо, туку чудно“ – Мајкл Даглас (78) ја офарба седата коса и се соочи со критики (фото+видео)
- Детали
- среда, 02 ноември 2022
„Не изгледаш помладо со црвена коса, туку чудно“, „Убав си, но мислам дека кратката коса те подмладува“ – фановите упатија критики до Мајкл Даглас за неговата одлука да го промени имиџот и препознатливата седа коса да ја офарба црвена.
Мајкл Даглас (78) ги изненади своите обожаватели на Инстаграм со ново видео од Париз, во кое е забележително дека холивудскиот ветеран сакал да се подмлади па ја офарбал косата црвена.
Актерот кој веќе 20 години е во среќен брак со 25 години помладата сопруга Кетрин Зита Џонс (53), на социјалните мрежи често објавува фотографии и видеа од својот приватен живот.
Така тој во петокот одлучи да објави кратко видео од балкон во Париз, каде во позадина може да се види и Ајфеловата кула, а некои од неговите фанови беа шокирани од новиот изглед и побараа веднаш да ја врати кратката седа коса, по која е препознатлив.
„Еј дечки среќен петок“ – им порача тој на своите фанови.
Голем број од неговите обожаватели го поздравија, а некои му забележаа за промените во физичкиот изглед.
„Извини Мајкл, но таа коса те прави да изгледаш постаро и не сакам ниту да говорам за брчките. Под итно да ја офарбаш косата сива и да ја скратиш“,
„Се надевам дека ова е за улога во филм“,
„Не можам да ги сфатам мажите. Мајкл Даглас има прекрасна коса за човек во негови години и изгледаше прекрасно со природна седа коса – не изгледаш помладо со црвена коса, туку чудно. Сепак, твоја е главата, твоја е косата, ти избираш како чудно ќе се офарбаш“,
„Убав си, но мислам дека кратката коса те подмладува“ – стои во дел од коментарите.
Инаку долгата коса на Мајкл е забележителна и во фотографиите и видеата што Кетрин Зита Џонс ги објави по повод заедничката прослава на нивните родендени пред еден месец.
Погледнете ги фотографиите и видеото:
Б. С. Б. | Црнобело