„Како да носи завеса за када“ - Хит реакции за новото бизарно издание на актерката што ја игра принцезата Дијана (фото)
- Детали
- понеделник, 17 октомври 2022
„Што е ова, ќеса за ѓубре или завеса за када?“ – прашуваат твитерџиите за фустанот во кој британската актерка Ема Корин се појави на црвен тепих. Според нив актерката треба да размисли да го промени стилистот. Што мислите вие?
Актерката Ема Корин е мошне актуелна затоа што ја толкува улогата на принцезата Дијана во познатата серија на Netflix, The Crown, а на премиерата на нејзиниот најнов филм My Policeman се појави во фустан на брендот JW Anderson што предизвика вистинска дебата на социјалните мрежи.
Според многумина актерката во рамки на серијата The Crown премногу потсетува на принцезата, така што успева да ги долови идентично изразите на лицето на Дијана, а сето тоа е надополнето и со соодветна шминка и костимографија, но кога станува збор за појавувањата на црвениот тепих Ема е далеку поексцентрична.
Така, на премиерата на нејзиниот најнов филм, Ема се појави во фустан изработен од најлон на кој имаше и златна рипка, а на социјалните мрежи се води вистинска дебата за што станува збор: дали е завеса за туширање, ќеса за ѓубре или пак обична ќеса со златна риба.
Се знае дека нејзин стилист е ексцентричниот Хари Ламберт, а нејзиното најново издание не предизвика премногу позитивни коментари на социјалните мрежи:
„Никогаш немој вакво нешто да облечеш“, „Промени го стилистот“, „Додека не ја видов не можев да верувам дека би носела нешто вакво“...
Emma Corrin's "My Policeman" Premiere Goldfish-In-A-Bag Dress Has To Be Seen To Be Believedhttps://t.co/37wJ6SCD55 pic.twitter.com/wUsdGRRANU
— Tarek Fatah (@TarekFatah) October 17, 2022
Инаку ова не е прво ексцентрично решение кога станува збор за аутфитот на Ема Корин, за време на Olivier Awards, Ема носеше фустан од Loewe со градник изработен од балони, а на Мет Гала, пак, се појави во костум со кратки пантолони од кој висеше џебен часовник.
Погледнете повеќе фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело