Силвестер Сталоне (76) и сопругата (54) сепак се премислија за разводот – шетаат низ Њујорк фатени под рака (фото)
- Детали
- петок, 07 октомври 2022
Околу два месеца откако изјавија дека ставаат крај на 25-годишниот брак, Силвестер Сталоне и Џенифер Флавин сепак успеале да ги решат проблемите и беа забележани како штетаат низ Њујорк.
Силвестер Сталоне и сопругата Џенифер Флавин беа фотографирани како шетаат фатени под рака во Менхетн откако се премислија за разводот.
76-годишниот актер носеше црни панталони и црн џемпер, а неговата сакана беше во елегантно издание со бели панталони, како и ролка и штикли со беж боја.
Пред нешто повеќе од една недела, јавноста дозна дека актерот и Џенифер сепак нема да се разведуваат и ќе пробаат да го спасат бракот кој трае веќе 25 години и важи за еден од најстабилните во светот.
„Тие одлучија да се видат во нивниот дом, каде што разговараа и успеа да ги надминат нивните разлики. И двајцата се многу среќни“, вели извор за Page Six.
Пред јавноста да дознае дека се смириле, извор сподели дека Сталоне и Џенифер сакале да завршат со разводот што е можно побрзо, и да го направат тоа на мирен начин, настрана од очите на јавноста.
Сето ова за да се заштитат себеси, но и нивните семејства.
Џенифер поднела барање за развод на 19-ти август, а веста ја споделија кон крајот на месецот.
„Жал ми е да споделам дека по 25 години брак, поднесов барање за развод од мојот сопруг Силвестер Сталоне. Повеќе нема да бидеме во брак.
Секогаш ќе ја ценам нашата врска која трае повеќе од 30 години и знам дека и двајцата сме посветени на нашите убави ќерки. Барам приватност за нашето семејство додека трае сето ова“, изјави Џенифер за магазинот People.
И актерот даде изјава за разводот, истакнувајќи дека сакаат процесот да помине настрана од очите на јавноста.
Очигледно актерот бил толку сигурен дека ќе се разведат, што ја прекри и тетоважата од сопругата.
Сепак, пред неполн месец, Сталоне сподели две фотки на Инстаграм – на едната се гледаат тој и сопругата фатени за рака, а на другата актерот позира со Џенифер и трите ќерки.
По оваа објава, стана јасно дека тие сепак нема да се разведат.
Не е познато што точно се случило што ги натерало актерот и Џенифер да се разделат, но некои извори тврдат дека големата караница почнала поради куче.
Имено, актерот сакал да земе уште едно куче, додека Џенифер не се согласувала. По оваа караница, почнале да се расправаат за други, подлабоки проблеми во бракот и сфатиле дека нивните разлики се ненадминливи.
Парот се запозна во 1988 година, кога Џенифер имаше само 19 години, а актерот – 41.
Тие се венчаа во 1997 година и заедно имаат три ќерки.