Сара Џесика Паркер со загрижен израз на лицето шета во тренерки и кломпи, по ненадејната смрт на нејзиниот очув (фото)
- Детали
- петок, 30 септември 2022
Откако откри дека нејзиниот очув починал поради ненадејна болест, Сара Џесика Паркер беше забележана во Њујорк со загрижен израз на лицето и речиси постојано гледаше надолу, додека на неа имаше големи слушалки.
Во четвртокот, 29-ти септември, Сара Џесика Паркер соопшти дека починал нејзиниот очув.
Набрзо потоа, 57-годишната актерка беше забележана во Њујорк со загрижен израз на лицето, облечена во необично издание со тренерки и кломпи, а на неа имаше големи слушалки.
Актерката ги сподели тажните вести со изјава за веб-сајтот Page Six.
„Нашето семејство со тага соопштува дека по неочекувана и брза болест, Пол Гифин Форст почина вчера на 76-годишна возраст.
Пол ќе биде запомнет по неговиот добар дух, неговата радост за неговите 13 внуци и неговата желба да го направи светот подобро и поубаво место за сите“.
Очувот на актерката во последните мигови бил опкружен со семејството, вклучувајќи ги неговата сопруга Барбара, неговите биолошки деца и Сара Џесика Паркер.
По изјавата, актерката шеташе низ Њујорк и речиси воопшто не го тргаше погледот од тротоарот.
Сара беше во лежерно издание, со тренерки, влечки и ранец, а седата коса ѝ беше собрана во пунџа.
Актерката го криеше лицето со големи очила за сонце.
Родителите на актерката – Барбара и Стивен Паркер – се развеле кога таа имала само три години.
Набрзо потоа мајка ѝ се венчала со Пол, со кого беше во брак до неговата смрт, односно над 50 години.
Пред неговата смрт, Сара Џесика Паркер требаше да присуствува на модна Гала-вечера организирана од New York City Ballet, каде што требаше да добие почесна награда за „нејзината визија и нејзиното лидерство“.
Но, поради смртта на очувот, актерката не се појавила на ексклузивниот настан.
Истовремено, актерката требаше да биде дел од виртуелна прес-конференција за нејзиниот нов филм Hocus Pocus 2, но го откажа присуството и од тој настан.
Претходно Сара присуствуваше на премиерата на филмот, и тоа со нејзините деца, близначките Табита и Марион.
Обично актерката и сопругот ги држат децата понастрана од јавноста, но тие биле огромни фанови на култниот филм, па сакале да присуствуваат на премиерата на второто продолжение.
Актерката откри и дека едвај чекале да ги запознаат другите две актерки кои глумат вештерки во филмот.
„Првпат го изгледаа првиот филм пред околу три години. Беа возбудени што ќе ги запознаат Бет и Кети. Постојано ме прашуваа дали ќе ги видат облечени како нивните култни ликови“.
Спирова С. | Црнобело