Кетрин Зита-Џонс (53) и Мајкл Даглас (78) заедно го прославија роденденот – која е тајната за нивниот среќен, 21-годишен брак?

„Денес е нашиот роденден! По 24 години славење заедно, уште едвај го чекам!“, напиша Кетрин Зита-Џонс под фотографиите на кои дуваат роденденски свеќички со сопругот Мајкл Даглас.

ketrin-zita-dzhons-53-i-majkl-daglas-78-zaedno-go-proslavija-rodendenot-koja-e-tajnata-za-nivniot-srekjen-21-godishen-brak-01.jpg

Кетрин Зита Џонс и Мајкл Даглас се родени на ист ден, но со 25 години разлика.

На 25-ти септември, актерката го прослави 53-иот, додека нејзиниот сопруг – 78-иот роденден.

ketrin-zita-dzhons-53-i-majkl-daglas-78-zaedno-go-proslavija-rodendenot-koja-e-tajnata-za-nivniot-srekjen-21-godishen-brak-09.jpg

На Инстаграм, Кетрин сподели и фотки со заедничката роденденска торта.

Тие дуваа свеќи на огромна чоколадна торта, а бројот 25 се однесува на датумот на нивните родендени, а не нивната возрасна разлика.

„Тоа беше нашиот роденден! Ви благодариме за сите честитки. Нека почне новата година!“, стои во описот.

Претходно, на 25-ти септември, актерката сподели уште две фотки со саканиот.

„Денес е нашиот роденден! По 24 години славење заедно, уште едвај го чекам! Те сакам!“, стои во описот на објавата.

Мајкл Даглас е роден во 1944 година, додека Кетрин е родена во 1969 година. И покрај големата разлика, тие имаат еден од најстабилните бракови во Холивуд.

Тие се запознаа во 1996 година на филмски фестивал.

„Се запознавме во 1996-та… барем мислам дека беше 1996-та. Ми кажаа дека Мајкл Даглас сакал да ме запознае. Бев малку нервозна бидејќи не знаев зошто би сакал да ме запознае.

Девет месеци подоцна, уште разговаравме по телефон, одевме на вечери и постојано се прашувавме ’Зошто не сме заедно?‘“, откри актерката во интервју во 2001 година.

ketrin-zita-dzhons-53-i-majkl-daglas-78-zaedno-go-proslavija-rodendenot-koja-e-tajnata-za-nivniot-srekjen-21-godishen-brak-07.jpg

По некое време тие почнаа врска, а нивната возрасна разлика ги направи главна тема на зборување, но и мета на критики.

Сепак, Кетрин многупати има изјавено дека негативните коментари воопшто не ја интересираат.

„Низ историјата, има многу парови со постари мажи и помлади жени. И кога мајка ми ми кажуваше за мажите и животот, никогаш не ми кажа одредена возраст“.

ketrin-zita-dzhons-53-i-majkl-daglas-78-zaedno-go-proslavija-rodendenot-koja-e-tajnata-za-nivniot-srekjen-21-godishen-brak-10.jpg

Актерите се венчаа во 2000 година, а имаат откриено дека Мајкл ја побарал за жена кога биле „заглавени“ дома за Нова година, бидејќи и двајцата имале грип.

ketrin-zita-dzhons-53-i-majkl-daglas-78-zaedno-go-proslavija-rodendenot-koja-e-tajnata-za-nivniot-srekjen-21-godishen-brak-06.jpg

Јавноста беше скептична дека бракот на Кетрин и Мајкл ќе трае, но сега сите бараат и совети од нив.

Во интервју, Кетрин Зита-Џонс откри дека заедничките мигови и заемната почит се можеби најважното нешто.

„Мојот сопруг е 25 години постар од мене. Тоа не е тајна. Но, константата во нашиот брак се љубовта и почитта. Ја немаме изгубено смислата за хумор и уживаме во заедничките мигови.

Јас и сопругот минуваме многу време заедно бидејќи, за разлика од многу други парови, немаме одредено работно време. Или постојано работиме, или не работиме воопшто. На пример, има периоди кога работам 16 часа на ден, а има периоди кога не работам воопшто.

Ист распоред има и тој. Па, можеме да најдеме многу време еден за друг. Исто така, го почитуваме нашиот простор“.

ketrin-zita-dzhons-53-i-majkl-daglas-78-zaedno-go-proslavija-rodendenot-koja-e-tajnata-za-nivniot-srekjen-21-godishen-brak-11.jpg

Мaјкл Даглас, пак, одново и одново повторува дека е многу благодарен што ја има Кетрин во животот.

„Доволно сум стар за да сфатам дека ова e убав период од мојот живот и да не го земам ’здраво за готово‘. Благодарен сум за добриот брак, добрите деца и моето здравје“.

ketrin-zita-dzhons-53-i-majkl-daglas-78-zaedno-go-proslavija-rodendenot-koja-e-tajnata-za-nivniot-srekjen-21-godishen-brak-05.jpg

Актерот истакнува и дека двајцата работат многу за да го одржат бракот.

„Овој брак значи многу работа од нас двајцата. Мислам дека нема шанси да поправите некоја врска ако едниот од партнерите не вложува ништо.

Мислам дека секој пар има тешки периоди. Единствено кај нас е различно тоа што ние сме јавни личности и сите дознаваат за нашите проблеми. Но, јас дефинитивно сум луд по Кетрин“.

ketrin-zita-dzhons-53-i-majkl-daglas-78-zaedno-go-proslavija-rodendenot-koja-e-tajnata-za-nivniot-srekjen-21-godishen-brak-04.jpg

Повеќе фотки од парот на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
„Не сакам да сум сопруга, туку девојка“: Шакира и уште 4 славни кои не сакаат да стапат во брак Шакира никогаш не била во брак, а Џејн Фонда смета дека сама може да направи пов...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg