Ги шпионирале сопругите на Том Круз, Џон Траволта имал врски со мажи: Нови детали за скиентолошката црква од поранешен скиентолог
Лидерот на црквата бил толку „вљубен“ во Том Круз, што задолжил други членови да му ја опремат куќата на актерот со најновите технолошки уреди, па и да му направат персонализирани автомобили и мотори.
Дури и куќните помошници во домот на Том и Никол биле внимателно одбрани од лидерот - од една страна, за актерот да ја има најдобрата послуга, но од друга, за Дејвид да може да го следи секој негов чекор.
Поранешниот скиентолог Мајк спомнува уште еден настан кој ја покажува опседнатоста на лидерот Дејвид Мискевиџ со Том Круз.
Актерот сакал да натера други познати личности да станат дел од црквата, а една од овие личности била и Дејвид Бекам.
Со цел да го импресионира фудбалерот, актерот побарал од црквата да му изградат професионално фудбалско игралиште на неговиот имот.
„На неговиот имот беше направено професионално фудбалско игралиште. Беше изградено со една цел – Том Круз да го натера Дејвид Бекам да дојде кај него. Но, тоа никогаш не се случи“, пишува Мајк.
Во книгата Мајк пишува и за Џон Траволта – вториот најпознат член на скиентолошката црква.
Според него, актерот имал врски со други мажи. Всушност, самиот Мајк го видел актерот како се бакнува со маж за време на масажа.
Мајк тврди и дека една од неговите задачи била да помогне во криењето на љубовниот живот на Џон Траволта од јавноста.
„Уште од почетокот на 90-тите, имаше гласини за машките љубовници на Џон Траволта, вклучувајќи еден од неговите пилоти, како и порно ѕвезда“.
Мајк тврди дека во периодот кога Џон Траволта беше во брак со Кели Престон, гласините за неговите афери со мажи значеле многу лоша репутација. Па, тој и други членови од црквата им се заканувале на медиумите со тужби и ги уценувале.
„Многу се зборува за сексуалноста на Џон Траволта и без разлика што е вистина, а што не, мислам дека тој ќе беше поотворен да не беше неговата верба во скиентологијата“.
Поради шокантните тврдења на Мајк, од црквата беа принудени да се огласат и, очекувано, ги негираат сите детали што се изнесени во книгата.
„Мајк Риндер е лажго кој сака да заработи од неговите лаги… Тој се издржува со напаѓање на неговата поранешна црква и неговиот поранешен лидер, преку лажни извештаи, пропаганда и лажни медиумски приказни“, изјави портпарол на црквата.
Спирова С. | Црнобело