Шакира и Пике заедно на натпревар на синот – по скандалите кои ги разгневија, седат на спротивни краеви од теренот (фото)
- Детали
- вторник, 27 септември 2022
По интервјуто на Шакира кое наводно го разгневило Пике, тие заедно присуствуваа на бејзбол натпревар на нивниот син, но седеа на спротивни страни од теренот и не се ни погледнаа.
Кратко откако беше објавено интервјуто во кое Шакира отворено прозборе за разделбата со Пике, фудбалерот и пејачката беа забележани на бејзбол натпревар на нивниот син Милан во Барселона.
Шакира и Пике стоеја на различни краеви од игралиштето и не се ни погледнаа еден со друг.
45-годишната пејачка носеше фармерки во комбинација со жолти влечки и шарена јакна, а и Пике беше во лежерно издание со фармерки и тексас јакна.
Пејачката беше во друштво на неколку пријатели и во одлично расположение го бодреше 9-годишниот Милан преку оградата.
Пике стоеше на другиот крај и само го набљудуваше натпреварот. Дури кон крајот на натпреварот Пике дојде од страната на Шакира за да го види синот, но стоеше подалеку од неа.
Кога заврши натпреварот, фудбалерот беше фотографиран со синот, но Шакира се држеше настрана.
Шакира, која има уште еден син со Пике – 7-годишниот Саша – неодамна прозборе за разделбата со фудбалерот во интервју за магазинот Elle.
Таа изјави дека ова е најтешкиот период од нејзиниот живот и истакна дека ја жртвувала кариерата за Пике. Сепак, одби да коментира за неговата врска со многу помладата девојка, велејќи дека тие детали се премногу лични.
Но ден-два откако беше објавено интервјуто, се огласи и извор близок до Пике според кој фудбалерот бил бесен на изјавите на Шакира.
Прочитајте повеќе: Шакира првпат прозборе за разделбата со Пике: „Ова е најмрачниот период од мојот живот, ја жртвував кариерата за него“
Наводно, тој сметал дека Шакира пробува да го „оцрни“ и да се направи жртва.
„Сите кои го знаат Пике знаат дека дури и ако излегува некогаш на пијачка, секогаш се грижи за неговата кариера, но и за неговото семејство.
Тој ги носи децата на училиште, на вонучилишни активности, на патувања и секогаш кога не работи, го минува времето со нив“, тврди изворот за шпанскиот медиум La Vanguardia.
Според изворите, Пике очекувал вакви изјави од Шакира, но бил гневен бидејќи таа ги спомнала и децата, односно направила да изгледа како тој да не е грижлив татко.
Според шпанскиот медиум, и Пике сакал да ја раскаже неговата страна во интервју, но прво чекал да се одлучи кој ќе добие старателство над нивните деца Милан и Саша.
Според друг шпански медиум, El Periodico, Шакира и Пике пробуваат да го подобрат односот за нивните деца.
Пике и Шакира открија дека се пар во 2011 година, а следната година пејачката откри дека го очекуваат првото дете. Две години откако им се роди синот Милан, тие открија дека очекуваат уште едно дете – Саша.
Многупати, и Шакира и Пике изјавуваа дека немаат планови да се венчаат бидејќи сметаат дека можат да имаат семејство и без брак.
Тие се разделија ова лето, наводно поради неверство од страна на Пике. Уште не е потврдено дали Пике навистина ја изневерил Шакира, но речиси веднаш по разделбата тој беше забележан со новата 23-годишна девојка.
Шакира и Пике на натпреварот на синот Милан:
Спирова С. | Црнобело