Ја згреши националната химна, тврдеше дека Пике не ѝ дозволува да снима секси спотови – 8 скандали со кои Шакира беше актуелна
- Детали
- недела, 25 септември 2022
Периодов е актуелна заради разделбата со Жерар Пике, а во минатото тврдеше дека тој е мошне љубоморен, беше обвинета за плагијат, а имаше барање и за забрана на некои нејзини спотови – Шакира повеќепати се нашла на мета на критики. Да погледнеме неколку од нив.
Шакира Изабел Мебарак Рипол (45), сонувала да стане пејачка уште кога била многу мала, а велат дека ја научила уметноста на стомачниот танц уште кога имала 4 години.
Интересно е тоа што во училишниот хор не сакале да ја примат затоа што имала мошне солно вибрато, но тоа не ја обесхрабрило да почне да пее на локални настани.
На возраст од само 13 години Шакира го потпишала првиот договор и го објавила првиот албум насловен Magia.
Првите песни ги пеела на шпански јазик, а дури во 2001-ва година ќе стекне светска слава откако почнала да објавува песни на англиски јазик.
Денес Шакира има продадено над 125 милиони албуми и е најпознатата колумбиска пејачка на сите времиња. Но, освен што е славна заради својата музика, нејзината кариера ја одбележаа повеќе контроверзии и скандали.
Во продолжение погледнете некои од нив:
Шакира имала повеќе љубовни врски, а меѓу подолгите беше онаа со адвокатот Антонио де ла Руа. По нивното раскинување во 2012-та година тој ја тужеше и ѝ бараше 250 милиони долари затоа што тој ѝ помогнал да стане славна.
Бараше исплата од околу 100 милиони долари за три различни случаи, но обвиненијата беа отфрлени од страна на Врховниот суд во Лос Анџелес.
Во 2010-тата година Шакира настапуваше на Светското првенство во фудбал што се одржа во Јужна Африка. Пејачката повторно се соочи со критики затоа што се сметаше дека треба да се избере музичар што има африканско потекло, но организаторите ја одбранија затоа што таа во својот настап користеше голем број африкански елементи.
Во 2014-та година Шакира го промовираше својот најнов албум, а за време на интервју со Billboard говореше за својот приватен и професионален живот. Таа тогаш рече дека нејзиниот дечко Жерар Пике е мошне љубоморен и дека повеќе нема да снима видео спотови како што тоа го правела во минатото.
Сепак, по големиот број критики, Шакира рече дека тоа го кажала само на шега.