Сопругата на Адам Левин среќна и насмеана покрај него, откако 5 жени го обвинија за додворување и афери (фото)
- Детали
- четврток, 22 септември 2022
„Жал ми е што е женет, а прави такви незрели работи“, вели петтата жена која го обвини Адам Левин за флертувачки пораки, но на најновите папарацо фотки изгледа како неговата сопруга супермоделот Бехати Принслу да не му замерува за однесувањето.
Адам Левин, пејачот од Maroon 5, е во брак со моделот Бехати Принслу и заедно го очекуваат третото дете, но тие се најдоа среде скандал откако 5 жени го обвинија Адам дека им праќал пораки со флертувачка содржина, а некои дури го обвинија и за афера.
Адам и Бехати се во брак од 2014 година и заедно имаат две деца, а моментално Бехати е бремена и судејќи по најновите папарацо фотки таа очигледно му простува сè на саканиот затоа што изгледа среќно и насмеано покрај него во Калифорнија.
За Адам досега имаше обвиненија од 4 жени, а сега осамна и од петта, а тоа е студентката Ешли Расел (21), која вели дека Адам од март годинава постојано ѝ „става“ лајкови на Инстаграм и ѝ праќа пораки.
43-годишниот пејач најмногу реагирал на фотографиите каде ги покажува тонираните мускули и задник.
Ешли за медиумите откри дека тој ѝ пишувал речиси секоја вечер околу 22 часот и дека најмногу реагирал на нејзините фотографии од тренинзи за задникот.
Вели дека таа е сосема обична студентка и ѝ било чудно да ѝ пишува таква ѕвезда како Левин.
„Жал ми е што е женет, а прави такви незрели работи“, вели Ешли.
Дел од другите девојки што го обвинија:
Повеќе фотографии од Адам Левин со сопругата:
Нови папарацо фотографии од Адам Левин со сопругата:
С. С. | Црнобело