Леонардо ди Каприо веднаш си најде нова, 22-годишна девојка + хит мемиња за неговиот вкус за помлади жени
- Детали
- четврток, 01 септември 2022
По разделбата на Леонардо ди Каприо и 25-годишната Камила Морон, Твитер е преплавен со мемиња и шеги на сметка на актерот. Во меѓувреме, тој беше забележан со нова девојка која, веројатно претпоставувате, е помлада од Камила и има 22 години.
По околу четири години заедно, Леонардо ди Каприо и Камила Морон ставија крај на врската, и тоа речиси веднаш откако младата актерка наполни 25 години.
Камила го прослави роденденот во јуни, а според изворите, актерите се разделиле набрзо потоа.
А, пред да помине и еден месец од раскинувањето, актерот бил забележан со нова девојка, за која сигурно претпоставувате дека е помлада од Камила.
Фотографиите што ги сподели Daily Mail се направени кон крајот на јули, на луксузната јахта на Леонардо.
Покрај пријателите, 47-годишниот актер бил во друштво на млада девојка за која Daily Mail тврди дека е 22-годишниот модел Марија Берегова.
Девојката потекнува од Украина, а неодамна се развела од сопругот, чиј дедо работел за Муамар Гадафи.
Иако потекнува од Украина, младата девојка пораснала во Швајцарија, а моментално живее во Лондон.
Не е познато дали Леонардо е во врска со Марија и наводно актерот одбивал да коментира за неа.
Сепак, извори блиски до Леонардо тврдат дека по разделбата со Камила, тој постојано излегува и „се дружи со многу девојки“.
Друг извор, пак, вели дека Леонардо раскинува со секоја девојка ако таа сака премногу сериозна врска.
„Кога девојките ќе наполнат 25 години, тие бараат повеќе – сакаат да се венчаат. Но, Лео не го сака тоа. Тој не сака семејство и не сака да биде со жени кои можат да му создаваат притисок за тоа.
Штом ќе се запознае со некоја девојка, часовникот почнува да одбројува. Ако остари многу, за неколку години ќе ја остави. Ако бара премногу од него, за неколку години ќе ја остави.
Тој станува постар, но неговиот вкус не остарува“.
Во меѓувреме, јавноста го критикува Леонардо за младите девојки, а многумина ја искористија можноста да се пошегуваат на негова сметка, па Твитер е преплавен со шеги и мемиња:
„Филмот Титаник полни 25 години оваа година, па претпоставувам дека Леонардо повеќе нема да сака да биде во него“.
titanic turns 25 this year at which point i assume leonardo dicaprio will no longer want to be in it
— Tom Neenan (@TNeenan) August 31, 2022
„Девојката што Леонардо ќе ја остави на 72 години е родена денес“.
The girl Leonardo DiCaprio will dump when he’s 72 was born today
— Peachy Keenan (@KeenanPeachy) August 31, 2022
„Гледајте како реагира Леонардо кога ќе го допре жена постара од 25 години“
Look at how Leonardo DiCaprio reacts when a woman over 25 touches him. 🤣
— Rita Panahi (@RitaPanahi) August 31, 2022
https://t.co/zHpCOFslpa
„Леонардо ди Каприо кога неговите девојки ќе наполнат 25 години“.
Leonardo Dicaprio when his girlfriends reach 25 years of age pic.twitter.com/4KOiUbIb5U
— LannisterRoy (@DayaJolieMartz) August 30, 2022
„Три работи се сигурни во животот – смрт, даноци, Леонардо ди Каприо ќе раскине со неговата девојка пред целосно да ѝ се оформи префронталниот кортекс“.
3 things are certain in life:
— Erin Brockobić (@erinbrockobic) August 30, 2022
- death
- taxes
- leonardo dicaprio breaking up with his girlfriend before her pre-frontal cortex has fully developed https://t.co/5bw3uLWlQ3