Фото-споредби од познати дами кои покажуваат колку е важно светлото кога се фотографирате
- Детали
- сабота, 17 септември 2022
Моника Белучи важи за една од најубавите жени во светот, а како секоја жена на нејзина возраст, и таа има брчки кои обично не ги гледаме на фотки од важни настани, само поради светлото.
Кога гледаме фотографии од познатите дами, без разлика дали од важен настан или на нивните Инстаграм профили, тие секогаш изгледаат совршено.
Нормално, кога самите објавуваат фотка, тие се обидуваат да ги скријат малите недостатоци.
Кога, пак, станува збор за фотки од важни настани, обично ги гледаме само најдобрите.
На настаните, ѕвездите се фотографирани од професионалци кои знаат како да го искористат светлото со цел да го извлечат најдоброто.
Ова значи дека постојат фотки од исти настани, но со лошо светло, кои покажуваат дека ни познатите дами не се совршени.