Најдобрата личност во Холивуд! Кијану Ривс изненади пар на нивната свадба, тие среќни до солзи
- Детали
- сабота, 27 август 2022
„Тој додаде магија на нашиот специјален ден. Беше многу пријателски настроен, ни честиташе и дури се фотографираше со гостите“, раскажува пресреќната невеста за Кијану Ривс (57), кој дополнително ѝ го разубавил свадбениот ден со присуството.
Кијану Ривс (57) изненади пар од Велика Британија откако неочекувано се појави на нивната свадба. Тој престојувал во хотелот „Fawsley Hall“, каде тие правеле свадба и дента наишол на парот и кратко проговориле.
Потоа, за време на нивната церемонија тој одлучил да ги изненади Џејмс и Ники со своето присуство кусо откако тие го кажале судбоносното „да“.
Невестата Ники за британските медиуми вели: „Случајно наидовме на него, тој беше пријателски настроен и на шега кажа дека ќе помине после. Не знаевме дали сериозно го мисли тоа, но кога се појави навистина бевме воодушевени од неговиот потег.
И нашите гости беа восхитени, а тој додаде магија на нашиот специјален ден. Беше многу пријателски настроен, ни честиташе и дури се фотографираше со гостите.“
Кијану Ривс со овој потег уште еднаш го докажа својот статус на личност со најголемо срце во Холивуд.
Невестата го сподели среќниот миг на Твитер:
Had the most amazing weekend!! #married #dreamwedding #keanureeves #fawsleyhall pic.twitter.com/a0RC8eS4WP
-->— Nikki Roadnight (@MrsNRoadnight) August 22, 2022
С. С. | Црнобело