Принцот Хари и Челси Дејви: Познати парови кои останаа добри пријатели по разделбата
Ема Стоун и Ендру Гарфилд
Актерите беа во врска четири години, а раскинаа поради натрупаните распореди.
И Ема и Ендру не споделуваат многу детали за приватниот живот, но двајцата имаат изјавено дека до денес се во добри односи и вистински се грижат еден за друг.
Кејт Хадсон и Крис Робинсон
Кејт и Крис се разведоа по седум години брак, а заедно имаат и едно дете.
Парот остана во добар однос најмногу поради детето и на сите важни настани – како родендени – се заедно.
Кејт Хадсон има изјавено дека успеваат да го одржат пријателскиот однос поради добрата комуникација, но и поради љубовта кон нивниот син.
Кејли Куоко и Џони Галеки
Актерите се запознаа на сетот на The Big Bang Theory и додека ја снимаа серијата почнаа врска, и се разделија.
Во серијата тие глумат пар, па заедничките сцени им помогнале да го одржат пријателството.
Всушност, Кејли Куоко има изјавено дека денес Џони е еден од нејзините најдобри пријатели.
Џенифер Лоренс и Дарен Аронофски
Младата актерка го запозна режисерот додека го снимаше неговиот филм Mother и набрзо почнаа врска која траеше околу една година.
По раскинувањето, Џенифер изјави дека вистински се грижи за режисерот, како и дека настојува да биде пријателка со бившите партнери.
Кендал Џенер и Хари Стајлс
Кендал и Хари ја почнаа врската во 2013 година, а се разделија в 2016-та.
Денес тие се многу добри пријатели, па дури и заедно гостуваа во шоуто на Џејмс Корден, каде што само покажаа дека помеѓу нив постои одлична хемија.
Спирова С. | Црнобело