Принцот Хари и Челси Дејви: Познати парови кои останаа добри пријатели по разделбата
- Детали
- недела, 28 август 2022
По разделбата, Камерон Диаз и Џастин Тимберлејк не само што останаа добри пријатели, туку заедно глумеа и во филмот Bad Teacher.
Повеќето луѓе не сакаат да бидат во контакт со бившите партнери, и ова е сосема нормално.
Некои врски завршуваат бурно и некогаш партнерите се многу повредени, па очекувано е да не сакаат никаков контакт еден со друг.
Сепак, некои парови успеваат да ги надминат разликите и откако ќе раскинат, остануваат мошне добри пријатели.
Кои познати парови останаа добри пријатели по раскинувањето?
Бред Пит и Џенифер Анистон
Бред Пит и Џенифер Анистон беа еден од најпопуларните парови на почетокот на 2000-тите, а за нивната врска се зборува и две децении откако заврши.
Иако разводот не беше лесен за актерите и постоеја гласини за неверство, Бред и Џенифер сепак успеаја да го зачуваат пријателскиот однос.
Тие не се постојано во контакт, но до денес се поддржуваат еден со друг, не се одминуваат на важни настани и, генерално, кажуваат само добри работи еден за друг.
Џенифер Гарнер и Бен Афлек
Џенифер Гарнер и Бен Афлек беа во брак 13 години и заедно имаат три деца.
Во голема мера, децата се причината што го одржаа пријателскиот однос, но јасно е дека тоа не е единственото нешто што ги поврзува.
Бен неколкупати има кажано лоши работи за Џенифер и некогаш нивните средби се напнати, но двајцата тврдат дека се во одличен однос.
Всушност, актерот дури и ја покани Џенифер на неговата свадба со Џеј Ло.
Камерон Диаз и Џастин Тимберлејк
Камерон Диаз ја почна врската со познатиот пејач во 2003 година. Тие беа заедно до 2007-ма, а по раскинувањето останаа во добри односи.
Камерон и Џастин дури глумеа и во ист филм – Bad Teacher – а овој ангажман наводно го зацврстил нивното пријателство.
Покрај тоа, заедничката историја им помогнала подобро да ги одглумат нивните улоги.
Принцот Хари и Челси Дејви
Принцот Хари и Челси Дејви беа заедно неколку години, пред да се разделат во 2010 година.
Тие се разделија бидејќи Челси не можела да го поднесе кралскиот начин на живот, па по раскинувањето останаа во добар однос.
Челси присуствуваше и на венчавката на Хари и Меган Маркл. Кога, пак, стана мајка, принцот Хари веднаш ѝ честита.