Камерон Диаз снимила порно-филм на 19 години и уште 9 познати личности со мрачно минато
Лејтон Мистер
Актерката позната по улогата во Gossip Girl била родена во затвор.
Нејзината мајка била во затвор во Тексас за продажба на дрога, а истиот период и татко ѝ издржувал затворска казна.
Откако се родила, актерката живеела со нејзината баба, додека мајка ѝ ја служела 16-месечната казна затвор.
Деми Мур
Таткото на Деми Мур имал рак на црниот дроб и починал од тоа. Нејзиниот очув, пак, извршил самоубиство откако се развеле со мајка ѝ.
А, слично како актерката, нејзината мајка имала проблеми со алкохолизмот. Таа многупати била апсена бидејќи возела под дејство на алкохол, а еднаш подметнала и пожар.
Долг период и самата Деми имаше проблеми со алкохолизмот, па дури доживеа и мозочен удар бидејќи го мешала со лекови.
Токму овој настан ја натерал засекогаш да го остави алкохолот.
Мадона
За жал, Мадона е уште една од бројните жени кои биле силувани.
Инцидентот се случил во периодот кога Мадона се преселила во Њујорк со надеж дека ќе започне музичка кариера.
Таа откри дека маж кој изгледал навистина фино ѝ рекол дека може да оди во неговиот стан за да го искористи неговиот телефон. Пејачката не ни помислила дека може да се случи нешто лошо, па влегла во станот и мажот ја силувал.
Мадона изјави дека не го пријавила бидејќи тогаш тоа ѝ изгледало бесполезно.
„Веќе бев силувана. Не вредеше. Срамот беше преголем“.
Покрај тоа, пред да се прослави, станот на пејачката бил ограбен дури трипати.
Камерон Диаз
На 19-годишна возраст, пред да се пробие во Холивуд, Камерон Диаз снимила порно-филм.
Наводно, актерката, со уште една жена и маж, позирала топлес и во провокативни пози, а направиле и видео со експлицитни сцени.
Во 2003 година, откако стана светски позната, фотографот ги објави фотките и видеото на сајт за возрасни, по што актерката го тужеше.
Се претпоставува дека претходно тој ја уценувал и ѝ побарал 3,3 милиони долари за да не ги објави фотографиите и видеото.
На крај, фотографот беше уапсен, но тврдеше дека актерката му ги дала правата за фотографиите и видеото.
Но, не успеа да го докаже ова, па си заработи казна затвор, а фотографиите и видеото беа тргнати од сајтот.
Ал Пачино
Во 2009 година, познатиот актер откри дека во 20-тите години од животот бил толку сиромашен, што морал да го продава своето тело.
„На 20 години преживував во Сицилија продавајќи го единственото нешто што го имав – моето тело.
Повозрасна жена ми даваше храна и кров над главата во замена за секс. Кога се будев наутро, се мразев“.
Спирова С. | Црнобело