Камерон Диаз снимила порно-филм на 19 години и уште 9 познати личности со мрачно минато
- Детали
- петок, 19 август 2022
Таткото на Вуди Харелсон бил платен убиец, 50 Cent продавал дрога и бил застрелан деветпати, Мадона и Лејди Гага биле силувани, а Ал Пачино имал секс со постара жена во замена за храна и дом.
Ни изгледа како познатите личности да имаат совршен живот. Заработуваат големи суми пари, се дружат со други познати и важни личности и ни се чини дека немаат ниту еден проблем.
Но, огромен број од познатите личности преживеале секакви трауми пред да го постигнат својот успех.
Кои познати личности имаат мрачно минато?
Вуди Харлисон
Иако самиот Вуди Харелсон нема направено ништо лошо, неговиот татко бил платен убиец.
Чарлс Војд Харелсон бил добро познат криминалец, а најпознат е по убиството на судија од Америка, за што бил и уапсен.
Најпрво тој работел како продавач на енциклопедии, а потоа станал професионален коцкар. Во 1960-та бил уапсен за вооружен грабеж, а подоцна признал дека учествувал во десетици убиства во првата половина од 1960-тите.
Актерот Вуди има откриено дека татко му го напуштил нивниот дом во 1968 година и ја оставил мајка му сама да се грижи за него и неговите двајца браќа.
Актерот не знаел ништо за неговиот татко, сè додека не бил уапсен за убиството на судијата во 1981-ва.
Актерот изјави и дека го посетувал татко му во затвор, но неговите чувства за него биле измешани.
Тери Хачер
Во вознемирувачка објава на Инстаграм, Тери Хачер сакаше да ја покаже поддршката на жените кои биле силувани, притоа споделувајќи го нејзиното искуство.
Тери не открива на која возраст била, но споделува дека силувањето се случило пред неколку децении.
Мажот не бил фатен, а неколку години подоцна силувал друго девојче. Актерката вели дека девојчето потоа си го одзело животот.
Лејди Гага
И Лејди Гага има потресна приказна за силување како Тери Хачер.
Пејачката била силувана на 19-годишна возраст од музички продуцент. Таа дури останала и бремена.
„Имав 19 години и еден продуцент ми рече ’Соблечи сè'. Му реков дека нема. Тој ми рече дека ќе ја запали целата моја музика. И, не престана.
Не престана да ми зборува и само стоев во место и – не се ни сеќавам. Личноста која ме силуваше ме остави бремена“.
Кога првпат прозборе за инцидентот, пејачката откри дека цели седум години не кажала никому и се обвинувала самата за трауматичниот настан.
50 Cent
Американскиот рапер, чие вистинско име е Куртис Џексон, имал многу судири со законот пред да стане познат.
До 12-годишна возраст тој продавал дрога, а на 15 години бил во затвор за малолетници.
Година-две пред да се пробие на музичката сцена, раперот бил и застрелан.
Во 2000-та, кога имал 25 години, раперот бил во дворот на неговата баба, кога бил застрелан дури деветпати.
Раперот имал повреди по целото тело, нозете му биле скршени и поминал 13 дена во болница.
Во интервју со Опра, тој откри и дека го знаел идентитетот на мажот што го застрелал.
„Набрзо дознав кој е. Тој што ме застрела веќе е мртов, а оној кој му платил доби доживотна казна затвор“.
Џим Кери
Мајката на познатиот актер била многу болна, па тој всушност почнал да го користи хуморот како одбранбен механизам. Истовремено, изведувал стенд-ап шоуа за мајка му само за да ја види нејзината насмевка.
На 16-годишна возраст, таткото на Џим Кери останал без работа, па тој морал да најде начин да го издржува семејството.
Актерот се отпишал од средно училиште и почнал да работи како хигиеничар. Тој период, тој и неговото семејство биле толку сиромашни, што морале да живеат во комбе.
Поради лошата животна ситуација, актерот имал и депресија.