Принцот Хари и Дејвид Бекам беа пријатели со години – Како Меган Маркл им го растури пријателството?
-->
Во април 2018-та година Дејвид и Викторија присуствуваа на кралската свадба на Меган и Хари и со тоа стана јасно дека се пријатели и дека се во добри односи.
Викторија дури и ја фалеше Меган во една изјава па рече:
„Ми се допадна тоа што Меган го кажа на Fashion Awards дека порано беше кул да си суров, а дека сега е кул да се биде љубезен. Љубезноста отсекогаш била во основата на женската моќ.“
-->
Сепак, односите помеѓу Викторија и Меган се заладиле, а како причина за тоа се наведува дека во 2017-та година, војвотката ја обвинила Викторија за озборување и дека таа им доставувала информации на новинарите.
Принцот Хари застанал во одбрана на Меган, па дури и му се јавил на Дејвид за да поразговара со него, а поранешниот фудбалер ги негирал сите тврдења на Меган.
Наводно Дејвид бил засрамен од разговорот со Хари и иако првично рекол дека меѓу нив сѐ е во најдобар ред, сепак одлучил дека е подобро да немаат контакт. Дополнително, Бекамови не сакале премногу да се вклучуваат во негативниот печат што Хари и Меган го привлекуваа.
Бекамови се во добри односи со Кејт и со Вилијам, но ниту овој кралски пар не присуствуваше на свадбата на Бруклин Бекам. Се шпекулираше дека Вилијам и Кејт сакале да ја избегнат случајната средба со Меган и Хари, но најверојатно заради безбедносни причини парот одлучил да не отпатува во САД.
-->
-->
Б. С. Б. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
Признанието за неверство на Дејвид Бекам, спуштените пантолони на Канје – Настани во шоу бизнисот шт...
Двете бебиња на Парис Хилтон, разделбата на Меган Фокс и Машин Ган Кели, неплани...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година
Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Славни личности кои беа неразделни пријатели, но денес не зборуваат
Том Круз и Џејми Фокс беа добри пријатели, сè додека Кејти Холмс не застана меѓу...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот?
Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Која е девојката што Дејвид Бекам ја откачи заради Викторија – Денес е омажена за негов пријател и с...
Кога Дејвид ја видел Викторија веднаш се вљубил и ја „откачил“ девојката со која...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес...
Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...