„Треба да си богат за да бидеш здрав“ – Ребел Вилсон се појави со разголено стомаче, по критиките за скапите третмани за здравје и фитнес
- Детали
- среда, 10 август 2022
„Одлично е што си здрава и фит, но за некои луѓе одењето на ова место е нереалистично. Додека ти можеш да платиш за личен тренер и слично, другите не можат“, гласи еден од коментарите на објавата на Ребел за престојот во ресорт за здравје фитнес каде една недела чини 4.000 долари.
Ребел Вилсон беше забележана во Лос Анџелес како оди во теретана, откако сподели дека актерката Оливија Њутн-Џон пробала да ја убеди дека здравјето е многу важно, но таа не ја сфаќала сериозно.
42-годишната актерка носеше црни хеланки и спортски градник, a ова е можеби првпат да се појави во јавност со разголено стомаче откако драстично ослабе.
Еден ден претходно, актерката која вели дека доцна почнала да се грижи за своето здравје, откри дека често добивала совети од Оливија Њутн-Џон која ја изгуби битката со ракот на дојката.
Ребел и Оливија глумеа заедно во филмот A Few Best Men, а додека траело снимањето, покојната актерка честопати ѝ давала совети за здравје на Ребел.
„Ти си најубавата дама однатре и однадвор, ти си вистинска икона и ми беше голема чест да глумам твоја ќерка во A Few Best Men.
Кога те гледав во блокбастерот Grease со твојот природен акцент беше многу важно за мене, бидејќи ми помогна да сфатам дека е возможно и девојка од Австралија да глуми во големи интернационални мјузикли.
Ти проба да ме научиш за здравјето многу години пред да го сфатам сериозно. Беше толку добра со мене и беше вистински благослов да те познавам, Оливија“.
Ребел откри дека покрај загриженоста за здравјето, ослабела и бидејќи сака да стане мајка.
Иако сите се восхитуваат на нејзината посветеност и фактот дека ја постигна целта за релативно краток период, Ребел сепак се најде на мета на критики поради неодамнешниот престој во луксузен ресорт за здравје и фитнес.
Со Инстаграм фотка, актерката се пофали дека била во центарот Vivamyr Altaussee во Австрија каде што гостите плаќаат над 4.000 долари неделно.
Во описот стои „Здравје = богатство“, а токму ова започна дебата во коментарите на објавата. Повеќето корисници сметаат дека Ребел дава лош пример, односно дека ги тера другите да мислат дека само богатите можат да си дозволат здрав живот.
Фановите толку ја нападнаа, што Ребел ограничи кој може да коментира на објавата.
Дел од коментарите:
„Одлично е што си здрава и фит, но за некои луѓе одењето на ова место е нереалистично. Додека ти можеш да платиш за личен тренер и слично, другите не можат“.
„Многу сум среќна за тебе и твојата трансформација, но кога објавуваш биди свесна дека повеќето луѓе не можат да си ги дозволат и немаат пристап до твоите терапии. Биди скромна, како на твоите почетоци“.
„Многу е убаво, но обичните луѓе не можат да си дозволат вакво место!“
„Богатство = здравје. Го напишала наопаку“.
Покрај скапиот ресорт, периодов актерката патуваше и на други дестинации со новата девојка Рамона.
https://www.instagram.com/p/Cft50XhLq_c/
Првите гласини за нивната врска се појавија уште на почетокот од годината, а актерката ја потврди врската дури во јуни, со Инстаграм објава.
„Мислев дека барам принц … но можеби она што навистина ми требало цело време е принцеза“, стои во описот.
Спирова С. | Црнобело