Како Карло Понти успеа од сиромашна селанка да ја направи Софија Лорен светска ѕвезда?
Аферата со Карло таа ја започнала подоцна, на возраст од 19 години. Инаку, во тој период Карло Понти бил оженет со Џулиана Фиастри и не можел да се разведе од претходната сопруга.
Според пишувањата, тој неколку години бил разделен од сопругата, но Италија не го признавала разводот.
Токму Понти ќе одигра клучна улога за да се оствари сонот на младата Софија која копнеела за тоа да стане филмска ѕвезда.
Негов бил предлогот да го промени името во Софија Лорен, работел со часови со неа за да го исфрли акцентот карактеристичен за Неапол, па дури и ја учел да чекори женствено.
Според пишувањата, Карло ги отварал фиоките во домот и ја терал Софија да се движи и да ги затвора фиоките со колковите. Тој дури и во неколку наврати барал од неа да направи естетски процедури за да го намали носот и да ја коригира устата (која била премногу голема), но Софија ова никогаш не го прифатила.
Со почнувањето на нејзината холивудска кариера Софија на 22 години го запознала Кери Грант (52), актерот со кого заедно играле во филмот The Pride and the Passion. Како што вели и самата, меѓу нив постоела огромна физичка привлечност на која тешко успевала да ѝ одолее.
„Кери беше вљубен во мене и сакаше да се омажам за него, но ќе требаше да го оставам Карло и да креирам огромен скандал. Бев уплашена од реакцијата што ќе следеше доколку ја напуштев Италија“ – рече во една прилика Софија.
Понти се обидел да се разведе од поранешната сопруга во 1957-ма година и да се ожени со Софија во Мексико, но според италијанските закони, овој брак не бил прифатен, а парот наишол на јавна осуда. Карло дури се соочувал и со обвинувања за бигамија.
Заради ова Софија и Карло во 1966-та година земале француско државјанство, а нивната приказна ќе влијае врз тоа целосно да се променат законите за развод во Италија.
Софија и Карло ќе поминат заедно 41 година во брак, сè до неговата смрт во 2007-ма година, а Софија вели дека жали за тоа што никогаш немала прилика да се омажи во бела венчаница. Парот заедно ги добил двата сина, Карло и Едоардо.
Б. С. Б. | Црнобело