Како Карло Понти успеа од сиромашна селанка да ја направи Софија Лорен светска ѕвезда?
- Детали
- сабота, 06 август 2022
Важи за една од најубавите Италијанки на сите времиња. Пораснала во мало сиромашно предградие на Неапол, а имала огромна желба еден ден да стане актерка. На само 15 години го запознала човекот што од неа ќе направи секс-симбол – Факти за Софија Лорен и нејзината скандалозна љубовна приказна.
Родена како Софија Шиколоне во Рим во 1934-та година таа имала мошне тешко детство. Родена во вонбрачна заедница во земја каде Католичката црква имала огромно влијание и тоа во време кога во земјата владеел фашизмот, Софија можела само да сонува за поубаво утре.
Нејзините соништа уште додека била мала биле еден ден да стане актерка, слично како убавите жени што ги гледала во филмовите со нејзината тетка.
Пораснала во предградието Позули на Неапол, познато како еден од најсиромашните предградија во земјата, а затоа што била мошне слаба, врсниците и останатите во соседството ја нарекувале „чачкалица“.
Во периодот на адолосценцијата Софија веќе ги добила препознатливите облини. Нејзината мајка Ромилда Вилани, која и самата сакала да биде актерка, сакала да го искористи изгледот на преубавата ќерка и ја пријавила Софија на избори за убавина на возраст од само 14 години.
Софија на возраст од 16 години веќе била висока 175cm, а на еден од таквите избори за убавина ќе го запознае и Карло Понти, кој бил судија на натпреварот, а потоа ѝ помогнал да добие повеќе помали улоги во нискобуџетни италијански продукции.