Игра тенис со неа во раце, ја заспива: Џанлука Ваки е татко за медал, ќеркичката и сопругата блескаат покрај него

„Ти си толку прекрасна, добра и мудра душа и толку сум благодарна што нашата ќерка има водич и херој како тебе во нејзиниот живот. Твојата љубов и сила се рефлектираат во нејзините очи и сигурна сум дека ќе биде горда покрај каков човек расте...“, вели Шерон Фонсека за својот сопруг Џанлука Ваки, кој продолжува со танцувачките видеа, диџеј сетови, но и со ќеркичката како приоритет.

igra-tenis-so-nea-ja-zaspiva-djanluka-vaki-e-tatko-za-medal-kjerkichkata-i-soprugata-bleskaat-pokraj-nego-01.jpg

Џанлука Ваки повторно е актуелен со своите диџејски сетови на разни настани низ светот, но сепак приоритет му е семејството и вели дека оттаму ја црпи животната енергија.

Познатиот Италијанец вели дека во животот се соочил со секакви работи, разни неправди и искривување на вистината, но сега кога го има своето семејство покрај него не постои облак кој може да го помрачи нивното небо.

View this post on Instagram

A post shared by Gianluca Vacchi (@gianlucavacchi)

„Денес сум среќен што сум на добро место, со моето семејство, каде не постои облак што може да нè помрачи ниту за миг“, напиша тој.

igra-tenis-so-nea-ja-zaspiva-djanluka-vaki-e-tatko-za-medal-kjerkichkata-i-soprugata-bleskaat-pokraj-nego-09.jpg

Потоа во друга објава вели:

„Сега во буквална смисла сфаќам што значи татино девојче, јас сум буквално нејзин и правам што таа сака да правам, дури и играм тенис со неа во раце.“

Ваки вели дека неговото мото е да ги следи своите соништа, никогаш да не се уморува и секогаш да биде љубопитен за учење на нови работи.

Открива дека животот за него е дневен предизвик за да се подобрува и тоа свесно и со намера и да ужива во љубовта и искуствата.

Во една пригода Шерон му посвети емотивна објава на сопругот:

„Ти си толку прекрасна, добра и мудра душа и толку сум благодарна што нашата ќерка има водич и херој како тебе во нејзиниот живот. Твојата љубов и сила се рефлектираат во нејзините очи и сигурна сум дека ќе биде горда покрај каков човек расте. Ние сме на убаво патување заедно и не можам да бидам поблагодарна што имам таков партнер покрај себе.“

Парот беше на одмор во Марбела, Шпанија:

igra-tenis-so-nea-ja-zaspiva-djanluka-vaki-e-tatko-za-medal-kjerkichkata-i-soprugata-bleskaat-pokraj-nego-04.jpg

igra-tenis-so-nea-ja-zaspiva-djanluka-vaki-e-tatko-za-medal-kjerkichkata-i-soprugata-bleskaat-pokraj-nego-03.jpg

igra-tenis-so-nea-ja-zaspiva-djanluka-vaki-e-tatko-za-medal-kjerkichkata-i-soprugata-bleskaat-pokraj-nego-02.jpg

Повеќе фотографии и видеа од нивното секојдневие, во кое задолжително е вклучен танцот:

igra-tenis-so-nea-ja-zaspiva-djanluka-vaki-e-tatko-za-medal-kjerkichkata-i-soprugata-bleskaat-pokraj-nego-07.jpg

igra-tenis-so-nea-ja-zaspiva-djanluka-vaki-e-tatko-za-medal-kjerkichkata-i-soprugata-bleskaat-pokraj-nego-06.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Џанлука Ваки гол пушта музика, Шерон Фонсека без грам шминка на јахта на Сардинија – Парот ужива во ... Шерон Фонсека во ретко несредено издание и без грам шминка, се прегрнува со ќерк...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg