Шакира уморна, но храбро се држи со синовите, по веста дека може да помине 8 години во затвор (фото)
- Детали
- среда, 03 август 2022
По обвинението од шпанските власти дека затаила повеќе од 15 милиони евра данок, Шакира е фотографирана со синовите на аеродром во Мајами, дотерана и храбра, но видно уморна.
Шакира беше фотографирана како заминува од Мајами со нејзините синови, по веста дека може да се соочи и со 8 години затвор поради затајување на данок.
Колумбиската 45-годишна пејачка изгледа уморно, но има „храбра фаца“ покрај синовите Саша (8) и Милан (9) додека сите за раце се движат низ аеродромот.
Неодамна осамна и информацијата дека Шакира се разделува со нејзиниот партнер Жерар Пике, поради наводно неверство од негова страна.
Шпанските власти ја предупредија Шакира дека може да добие сериозна казна затвор ако се потврдат обвинувањата кон неа за повеќе од 15 милиони евра измама со данокот, која ја направила од 2012 година до 2014 додека живеела во Барселона.
На аеродромот во Мајами, Шакира е во стајлинг со неутрални тонови и исправена коса.
Таа најави дека се сели таму со синовите, а Пике очигледно е подготвен да ја прифати нејзината одлука за да го задржат коректниот однос во име на доброто на нивните синови.
Прочитајте и Шакира среќна на плажа во Мексико со синовите, 2 месеци по разделбата со Пике - тој со анонимна русокоса
Шакира со синовите на аеродром:
С. С. | Црнобело